Борел: ЕУ сака да го вклучи Западен Балкан во процесот на одлучување пред да влезе во Унијата

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел вечерва во Брисел изјави дека ЕУ сака да го вклучи Западен Балкан во својот процес на одлучување, како за надворешната така и за безбедносната политика, пред влезот на регионот во Унијата.

За време на претседавањето со состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, Борел на Х напиша и дека „местото на Западен Балкан е во ЕУ“.

- Вечерва претседавам со министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан, со шест министри од тој регион. Сакаме да го интегрираме регионот во нашиот процес на донесување одлуки уште пред пристапувањето, вклучувајќи ги и одлуките за надворешната и безбедносната политика. Местото на Западен Балкан е во ЕУ, нагласи Борел.

Меѓу темите на вечерашниот министерски состанок ЕУ-Западен Балкан се минатонеделните извештаи на Европската комисија за земјите од регионот – Пакетот за проширување, почитувањето на надворешните и безбедносната политика и подготовката на декемврискиот самит на ЕУ и Западен Балкан.

Претходно денеска Борел изјави дека партнерите на ЕУ од Западен Балкан мора „поблиску“ да ја координираат својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ, а шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон рече дека во тој случај претставниците од Западен Балкан би можеле да учествуваат како набљудувачи на состаноците на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата.

Шефот на европската дипломатија изјави дека некои земји од регионот „немаат голем резултат во усогласувањето со европската надворешна политика и санкциите“.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој исто така е на вечерашната средба во Брисел, на Х напиша дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е „заедничка цел“ на двете страни.

- Тоа се однесува на нашата заедничка безбедност, нашата стабилност, нашиот просперитет. Обезбедувањето мир на нашиот континент е наш заеднички проект, истакна Вархеји.

Вархеји претходно вечерва напиша дека Европската комисија е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија./МИА

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер