Болна состојба која најчесто ги погодува жените, а овие лица се посебно ризични (фото)

Волчјо око (клавус) на ножните прсти и стапалата...

Волчјото око (кавусот) е честа појава која особено ги погодува жените поради носењето тесни и неудобни чевли. Тоа е задебелување на кожата кое може да стане многу болно. Се јавува поради преголем притисок или триење на кожата, најчесто на прстите или стапалата, поради што го отежнува одењето.

Како се создава?

Ризикот од оваа појава имаат лица со јаки и испакнати коски на прстите на нозете, тенка кожа или некои деформитети на прстите или стапалата. Деформитетот може да предизвика триење на кожата од стапалото со обувките.

Постојат два вида волчјо око:

1. Тврдо волчјо око

Најчесто се формира на помалите прсти или на надворешната страна на малиот прст. На овие места, неудобните обувки предизвикуваат најголемо оштетување на ткивото.

2. Меко волчјо око

Најчесто се појавува помеѓу четвртиот и петтиот прст на нозете. Ваквото волчјо око е помеко потта што се јавува помеѓу прстите. Мекото волчјо око е болно при допир и лесно може да се инфицира.

Дамите се посклони кон оваа појава поради тесните обувки што ги носат, како и чевлите со високи потпетици, поради протисокот во стапалото кое оди надолу при одење.

Најчести ризици се:

- тесни чевли

- долго стоење, одење или трчање

- одењето боси

- носење чорапи што се лизгаат и не го штитат доволно стапалото при одење

- неправилно држење на телото при одење

- физички активности поради кои стапалата трпат голем притисок

- газење на внатрешната или надворешната страна на стапалото

- деформитети на стапалата

Третман

Постојат разни фластери кои би го олесниле газењето, но не би го излечиле клавусот. За негово отстранување најчесто се препорачуваат производи кои содржат салицилна киселина која ја омекнува тврдата и задебелена кожа. Некогаш е потребно постапката да се повтори неколкупати за отстранувањето на волчјото око да биде ефикасно.

Сепак, доколку страдате од дијабетес, имате деформитети на стапалата или сте во повозрасна група на луѓе, најдобро е да се консултирате со лекар.

Покрај салицилната киселина како третман за оваа состојба, се препорачува и ласерско отстранување на клавусот. Тоа е брза и рутинска процедура, а проблемот се решава од корен. По отстранување на волчјото око, потребни се 8-16 недели за целосно регенерирање на кожата во таа област.

Во случај на инфекција на волчјото око од него тече гној, а околната кожа е црвена и болна. Тогаш се препорачува да се обратите кај вашиот лекар кој ќе ви препише адекватна терапија, најчесто антибиотици.

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, сега државен секретар за надворешни работи во Владата на премиерот Риши Сунак, во средината на идната недела се очекува да допатува во Тирана.

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани. /МИА

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

притисни ентер