Бојан Христовски добива НАТО безбедносен сертификат

Бојан Христовски доби зелено светло од НАТО и по празнице ќе го добие безбедносен сертификат од Алијансата. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

-Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката.

Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.

-Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божиќ!, посочува Гаши во честитката.

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот Бог и спасител, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

На утринската архиерејска Божествена Литургија што се одржа во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, митрополитот г. Петар посочи дека Христовото раѓање во скромната Витлеемска пештера е доказ за неограничената Божја љубов кон човечкиот род.

-Светот, кој постојано потонува во неслога и војни, денес е повикан да се сети дека љубовта е неговото вистинско постоење. Вашите мисли нека бидат како благопријатен темјан, вашите зборови како злато, а вашите дела како миро принесено на оној што ни донесе живот вечен. Да ја славиме Божиќната радост не само во деновите на празникот, туку и во секој миг од нашиот живот, порача митрополитот г. Петар.

Пред верниците во Битола меѓу кои беше и градоначалникот Тони Коњановски, митрополитот г. Петар нагласи дека денешниот настан е еден од најголемите чудеса на Божјата љубов, Бог, кој го создаде светот.

-Христос не доаѓа да владее, туку да служи, не доаѓа да се издигне, туку да се понижи. Таа Божја љубов, не се открива во величината на неговото божество, туку во понизноста и болката на неговото човечко постоење, истакна утрово во храмот Свети Велиомаченик Димитриј, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар. /МИА

Консеисао по освојување на Суперкупот: Ова е подвиг, моите фудбалери создадоа магија

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао е импресиониран од својот тим по победата над Интер (3:2) во финалето на италијанскиот Суперкуп.

- Многу сум среќен за тимот - не беше лесно, атмосферата не беше најдобра. Тоа е подвиг што го истакнаа и солзите на крајот од мечот. Имавме неколку дена да работиме на важни детали, а се соочивме со две многу силни екипи. Магијата ја создадоа играчите кои ги прифатија моите идеи, рече тренерот на прес-конференцијата по натпреварот.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да се врати и да ја одземе победата со гол во судиското надополнување.

Милан го освои италијанскиот Суперкуп по осми пат во својата историја и се изедначи со Интер. Последен пат црвено-црните го освоија турнирот во 2016 година. /МИА

притисни ентер