Бизнисменот Чедомир Радомировиќ од Техноком и Радобанка пронајден застрелан

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ почина откако синоќа со тешки повреди на главата, најверојатно прострелна рана од куршум, бил пронајден во близина на селото Орман.

Според информациите, Радомировиќ, кога пристигнала итната помош се уште давал знаци на живот и бил пренесен на скопските клиники.

Телото на 67 – годишникот со тешки повреди на главата било пронајдено покрај паркиран автомобил овде во атарот на селото Орман. Бил пренесен на скопските клиники каде подоцна починал. Што точно се случило ќе истражува обвинителството.

Клучната дилема на која треба да се даде одговор е дали случајот е убиство или самоубиство.

Од скопското обвинителство засега само кратко велат дека се чека наодот од обдукцијата на телото и се вештачат трагите од самото место. Ни од МВР не откриваат многу детали, освен дека Радомировиќ бил пронајден како крвари во 18.50 до возилото Лексус, а покрај него имало пиштол и чаура.

Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67) . СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот-велат од полицијата.

Дел од мештаните што ги затекнавме во селото синоќа само забележале полициска раздвиженост. Што точно се случило разбрале денеска, а некои од нив воопшто не знаеја за настанот.

Случајот беше повод и за партиска пресметка. Од опозициската СДСМ велат дека состојбата со убиствата во земјава станува алармантна и го обвинија министерот Панче Тошковски оти во последната половина година откако е на чело на МВР не е расчистено ниедно од 5-те убиства. Од ВМРО ДПМНЕ пак во реакцијата одговорија дека МВР на чело со Спасовски го направило Скопје див запад, познат по како што велат, мафијашки престрелки и незавршени случаи.

Инаку, Чедомир Радомировиќ во јавноста е познат како сопственик на фирмата Техноком и основач на Радо Банка, која пропадна во 2005 година откако НБРМ констатира дека е неликвидна. Преку оваа банка беа реализирани и кредитите за компаниите од една милијарда долари од Тајван кои ги донесе Васил Тупурковски. Истата 2005 година Радомировиќ беше и уапсен поради вмешаност во шема на даночно затајување.

Американски рапер бесно го напушти авионот, откако го избркале од прва класа (ВИДЕО)

Американскиот рапер Јувенил се скарал со персоналот на авион на Американ Ерлајнс, што летал од Њу Орлеанс за Далас.

Раперот, чие вистинско име е Териус Греј, седел на седиште во прва класа со сопругата Шадона Џонс, но персоналот сакал да го премести во економска класа, што го налутило.

"Го слушаш ли ова? Човеку, тие се обидуваат да ме избркаат од авионот. Се обидуваат да ме избркаат од прва класа", извикал тој на Instagram Live. Персоналот не побарал од неговата сопруга да се премести, а на снимката се слуша како вели: „Јас сум негова жена, па како можете да го деградирате, а јас да останам?“

„Нема да ме ставите во економска класа. Ова никогаш не ми се случило во животот“, им рекол тој на вработените и им рекол дека ќе зажалат што го избркале.

"Јас сум славна личност. Ќе има последици за ова бидејќи ќе излезам од авионот. Нема да дозволам така да не ме почитувате. Нема да дозволам да ме преместите мене од сите луѓе во авионот, па ќе излезам од авионот, нема да ме непочитувате“, рече тој и излезе од авионот со неговата сопруга.

„Од сите луѓе во авионот, вие избравте славна личност“, рече налутено додека заминуваше, а потоа ја нападна авиокомпанијата, велејќи дека „се чувствува измамено“.

Авиокомпанијата објасни дека раперот бил избран за трансфер преку автоматизиран процес бидејќи за летот бил избран помал авион со помалку седишта во првата класа.

Германската полиција со детали за нападот со нож: Уапсивме 15- годишник

Шефот на полицијата рече дека полицајците не веруваат дека некој друг бил вмешан во нападот, одговарајќи на прашање за шпекулациите на социјалните мрежи дека имало повеќе напаѓачи.

Тој апелирал до јавноста за повеќе информации и ги повика луѓето да не шпекулираат или споделуваат информации на социјалните мрежи.

Полицијата соопшти дека пронашле повеќе ножеви во областа, но сè уште не знаеле кој, доколку ги има, бил употребен во нападот.

Германските медиуми претходно објавија дека оружјето било пронајдено во контејнер во центарот на Солинген.

Синоќешниот дежурен началник на полицијата сега вели дека мислите на сите се со оние кои ги загубија животите и оние кои настрадаа како резултат на овој грозоморен напад.

Тој вели дека синоќа околу 21:40 часот по локално време добиле повеќе повици за машки напаѓач кој ги напаѓа луѓето на фестивалот.

Нападот се случил во Фронхоф, додаде тој.

Ангажирани се голем број полицајци, вели тој, додавајќи дека и локалните и федералните полициски сили учествуваат во тековната операција за пребарување.

Германскиот обвинител рече дека се уште се обидуваат да го утврдат мотивот, но не можат да исклучат тероризам.

Полицијата ги повика луѓето да избегнуваат шпекулации за нападот и побара од луѓето со докази да ги достават преку официјалната линија за помош наместо да ги објавуваат на социјалните мрежи.

Шефот на полицијата Маркус Рорл во својот вовед рече дека вчерашниот фестивал на 650-годишнината на Солинген требаше да биде среќен настан, но наместо тоа стана ужасно тажен.

На прес-конференцијата не се појави градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах.Полицијата соопшти дека во врска со случајот уапсила 15-годишно момче.

Загинаа три лица, двајца мажи на 67 и 57 години и една жена на 56 години.

Германските медиуми објавија дека оружјето, односно ножот, со кој се сомнева дека е извршен нападот, е пронајдено во корпа за отпадоци во центарот на Солинген.

Јанчев: Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником

Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником, во која изби сериозен пожар со кој службите се бореа цела ноќ.

На терен работат ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и општествено одговорните фирми АС Машини, Градба Промет, Кожувчанка, сопствениците на фабриката и секако градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарчани сплотени, како и секогаш!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер