Битолскиот театар вечерва гостува на фестивал во Врање

Народниот театар од Битола гостува во Врање каде вечерва во рамки на фестивалот „Борини позоришни дани“ ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ.

Меѓународниот театарски фестивал во Врање, кој годинава слави 100 години од формирањето, е посветен на познатиот српски драматург Бора Станковиќ, има натпреварувачки карактер и освен македонските актери настапуваат и театари од Балканот.

Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. Видео проекциите во претставата се на Владимир Переловски и Филип Ошавков.

Меѓународниот театарски фестивал во Врање завршува утре со доделување на награди.

Австриската крајна десница победи на покраинските избори во Штаерска, прв пат во историјата

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО) за првпат победи на покраинските избори во Штаерска според проекциите, додека коалициските разговори продолжуваат без неа по националните избори во септември.

Изборите во Штаерска, чиј главен град е Грац, немаат моментално влијание на национално ниво, но го зголемуваат притисокот врз партиските лидери кои се обидуваат да ја формираат првата трипартиска влада во земјата од 1949 година, објави Ројтерс.

Тоа е втората сојузна држава што ја освои евроскептичната и пријателска на Русија ФПО. Првата беше Корушка, упориштето на поранешниот партиски лидер Јоерг Хајдер на неговиот политички врв во доцните деведесетти и раните 2000-ти.

„Не очекував толку добар резултат во Штаерска“, изјави Стефан Херман, заменик-шеф на ФПО во Штаерска, за телевизијата ОРФ.

Проекциите на истражувањето на компанијата Форсајт за ОРФ и новинската агенција АПА покажаа дека ФПО е прва со 35,3 отсто од гласовите, а втора е конзервативната Народна партија (ОВП) со 26,6 отсто.

За прв пат по Втората светска војна, ниту ОВП, ниту Социјалдемократите (СЈО) не победија во таа држава, која граничи со Словенија.

ФПО ќе има потреба од коалициски партнер за да го контролира мнозинството места во собранието на провинцијата Штаерска и да формира влада.

Објавена е листата на седумте финалисит за Автомобил на годината 2025 (ФОТО)

Веројатно најпопуларниот и најценетиот избор за Автомобил на годината влегува во завршна фаза.

Прес-изборот за Европски автомобил на годината, попознат како Автомобил на годината, го намали изборот од 42 на само седум финалисти. За победникот ќе одлучува жири составено од 60 автомобилски експерти од 23 европски земји.

Финалистите на овогодинешниот натпревар по азбучен ред се:

• Alfa Romeo Junior

• Citroën C3/ë-C3

• Cupra Terramar

• Dacia Duster

• Hyundai Inster

• Kia EV3

• Renault 5 / Alpine A290

Помеѓу овие автомобили се избира победник и ќе биде објавен на 10 јануари следната година на Саемот за автомобили во Брисел.

Секој член на жирито ќе има можност да го тестира секој од болидите во следните осум недели. Потоа на располагање има 25 бода кои мора да ги подели меѓу финалистите. Еден од условите е еден модел да може да добие најмногу 10 поени.

Да потсетиме, титулата минатата година ја освои Renault Scenic, кој победи на последното гласање против уште шест други кандидати. Најмногу гласови доби Renault со 329 поени, победувајќи го BMW Серија 5 со 308 поени, а по него е Peugeot 3008 со 197 поени. Четвртото место го освои Kia EV9 (190 поени), петтото Volvo EX30 (168 поени), шестото BYD Seal (131 поени), а седмото Toyota C-HR со 127 поени.

Јужнокореец се здебелувал за да избегне воена обврска

Дваесет и шестгодишен Jужнокореец е осуден на една година условна казна затвор затоа што со намера се прејадувал за да ја зголеми телесната тежина и да биде прогласен за неспособен за воен рок.

Во првата фаза од регрутацијата, 26-годишниот маж бил прогласен за способен, но пред втората фаза тој ја зголемил тежината на 102 килограми за да биде во категоријата регрути што воениот рок го служат без оружје, во владина агенција, објави Би-Би-Си.

Пријателот што му го препорачал начинот на исхрана е исто така условно осуден на шест месеци затвор. Воениот рок во Јужна Кореја е 18 месеци и е задолжителен за сите мажи со наполнети 18 години.

притисни ентер