Двојно повеќе претставки добила комисијата минатата година во однос на 2022

Двојно повеќе претставки добила Комисијата за заштита и спречување дискриминација минатата година, во однос на 2022 година.

Како што покажува годишниот извештај, основите за дискриминација се личното својство и општествениот статус, сексуалната ориентација и родовиот идентитет и националната и етничката припадност.

Се местат надворешни компресори, германски експерти ја испитуваат целата инфраструктура

Два од три компресори работат, проблемот не е во заеднички служби туку во самите клиники велат од заеднички служби од клиничкиот центар Мајка Тереза. 

Според надлежните системот за компримиран воздух работи 24 часа секопј ден и дека проблемот е во самите клиники. Зошто освен во хируршките сали компримиран воздух го користат и во интензивни неги како и клиниката за максилофацијална која работи нормално, вели Николоски.

Проблемот денеска го истражуваат и експерти на терен тие од компресорските станици до самите сали испитуваат дали системот е добар или не? И која е причината за миризбите во салите?

Дел од клиниките со кој Канал 5 денеска стапи во контакт е дека ќе добијат плус надворешни компресори и со тоа ќе се добие сала повеќе за операција. Хируршките клиники скоро три недели оперираат само итни пациенти а на помош се болниците 8 септември и Наум Охридски. Првична причина за застанување во салите е дека и покрај работата на компресорите во салите имало чудна миризба на пластика и улје. Засега се чекаат резулатите од германскит експерти.

Координација во Собрание за измена на законите за нови министерства

Законот за реорганизација на владиниот кабинет и екипирање на собраниските комисии и тела во фокусот на првата координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на партиите. 

На средбата биле присутни пратеници од сите парламентарни партии и од власта и од опозицијата, но засега конкретни заклучоци нема. Иако се очекуваше токму денеска пратеници од новото владејачко мнозинство да ги поднесат законските измени за трансформација на министерствата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште работат на предлог-законот, а во Собранието ќе го поднесат следниве денови. Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во моментов брои 78 пратеници, но очекуваат да обезбедат двотретинско мнозинство за да се изгласа овој закон. Повик за поддршка до СДСМ и Европскиот фронт предводен од ДУИ упатија и од албанската коалиција Вреди.

Од СДСМ и ДУИ прво ќе чекаат да го видат законот за нов владин кабинет, па потоа ќе одлучат дали ќе го поддржат.

За социјалдемократите прво важно е да се формираат собраниските комисии за да може Собранието да функционира, додека според Европскиот фронт со ова законско решение на министрите од ВРЕДИ им се одземаат ингеренциите, а тие според ДУИ се нелегитимни претставници на Албанците.

За да помине Законот најпрво треба да се формираат двете матични комисии – за политички систем и законодавно правната, па потоа да се закаже пленарна седница на која тој ќе се разгледувам најверојатно до петок. За да биде изгласан потребни се 80 пратеници.

Мицотакис прашањето за користењето на “Северна“ ќе го покренел и на НАТО самитот

Македонија како членка на НАТО веќе не е дел од темите за кои се разговара туку рамноправно седи и одлучува на иста маса со останатите сојузници.

Македонија како членка на НАТО веќе не е дел од темите за кои се разговара туку рамноправно седи и одлучува на иста маса со останатите сојузници - вака дел од поранешните дипломати во земјава гледаат на заканите на грчкиот премиер Мицотакис кој најави дека прашањето за почитувањето на Преспанскиот договор ќе го покрене пред членките на Алијансата.

Според поранешниот амабсадор во САД Васко Наумовски, фокусот на самитот што ќе се одржи во Вашинготн на почетокот од јули, ќе биде на војната во Украина.

-Приоритетите на самитот на НАТО ќе бидат поврзани со Украина и руската агресија. Секако дека секој од лидерите ќе може на маргините да покрене некои прашања. Но, во периодот што следува целиот капацитет на НАТО ќе биде за Украина. Македонија е веќе членка на НАТО и ние веќе не сме дел од темите за кои се разговара и имаме свој глас. Сигурен сум дека и нашата делегација ќе биде посветена на заштита на нашите интереси. Треба да сме свесни дека по завршување на европските избори ќе се намали оваа жестока реториката од страна на Грција,-- Васко Наумовски – Поранешен амбасадор.

Грчкиот премиер речиси секојдневно излегува со изјави за Преспанскиот договор, а вчера повторно упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја користи придавката северна за домашна и надворешна употреба.

Наумовски очекува темата за Преспанскиот договор да изгуби на актуленост по европските избори во Грција, следната недела.

Реакциите од официјална Атина, дојдоа по заклетвата на претседателката Силјановска Давкова која во таа прилика ја изостави „Северна“, а дополнително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати порака дека и тој има намера да го користи само името Македонија, иако како што кажа, договорот е реалност и ќе се почитува.

притисни ентер