Бишевац: Не знам зошто влеговме во замката да го објаснуваме балансерoт

„Се постигна целта и отиде во спротивност“

Ако добро се искористат парите земени од унгарскиот кредит, за што не се сомневам -за поддршка на општините и не е проблем да земете кредит, важно е како ќе ги трошите, САД се најзадолжени. Проблемот е кога тие кредити ги земате за купување на социјалниот мир. Не мора државата да биде таа која ќе раководи со капиталните инвестиции, инаку државата е лош газда, треба да биде контролор да гледа кој што прави. Заложба треба да ни биде неселективно владеење на правото. Селективната правда е најлошото нешто што некому може да му се случи. Не знам зошто влеговме во замката да објаснуваме на алатката балансер. Има примери во светот каде државите каде што водејќи сметка за делови од нацијата има позитивна дискриминација но тоа не може да трае триста години. Се постигна целта и отиде во спротивност, Македонци стануваа Албанци и обратно за да се вработат партиски кадри, рече Сафет Бишевац во Само Вистина.

Ди Каприо се врати во Америка, со девојката забележани на улиците на Њујорк

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.

Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .

Извор: Индекс.хр

Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД

Пол Погба може да ја продолжи кариерата во првенството на САД. За играчот од средниот ред на Јувентус е заинтересиран за ФК Лос Анџелес, објави во понеделникот италијанскиот новинар Николо Шира.

Триесет и едно годишниот Французин е многу блиску до раскин на договорот со италијанскиот клуб. Веќе беше објавено дека Погба е во преговори со Олимпик Марсеј.

По 32 одиграни натпревари, ФК Лос Анџелес е на второто место во Западната конференција на МЛС.

Светскиот шампион со Франција, Погба, чија забрана поради допинг беше намалена од четири години на 18 месеци, ќе се врати на терените на крајот на ноември на егзибициски меч во Дубаи, објавија организаторите. /МИА

притисни ентер