Билборд ја прогласи Мадона за жена на годината - таа настапи со силен говор!

Мадона, најпродаваната поп пејачка на сите времиња, со 12 број 1 хитови на листите на Билборд, мајка на 4 деца, ѕвезда која направи 82 концерти во турнејата „Rebel Hearth“ е прогласена за „жена на годината“.

Признанието го прими на настанот „Women in Music“ во Њујорк.

- Мојот успех е што ја завршив турнејата и што секоја вечер имав настап. Меѓутоа, мајчинството беше мој најголем предизвик. Да се биде добра мајка и уметник - тоа е предизвик - рече Мадона.

Таа продолжи во свој стил, сосема искрено.

- Ви благодарам што ја признавте мојата способност да ја продолжам кариерата 34 години, во лицето на бруталниот сексизам, константното насилништво и злоупотреба!

Мадона ја раскажа својата приказна и потенцираше дека се излажала кога мислела дека е слободна во индустријата. Има едни правила за мажите а други за жените.

Ако си жена, рече Мадона, дозволено ти е да бидеш убава, не смееш да старееш и не смееш да бидеш многу паметна. Треба да бидеш од оние жени на кои им е добро само покрај маж. Никако не смееш да ја покажуваш својата сексуална фантазија. Мажите можат, се разбира!

Прв пат почувствувала голема омраза од сите, кога се развела од Шон Пен.

- Ме нарекуваа ку..а, вештерка. Тогаш сфатив дека жените ги немаат истите слободи како мажите.

- Мислам дека најконтроверзната работа што ја направив е што сум уште овде. Мајкл го нема, Витни ја нема, Принс, Тупак, ги нема, Ејми Вајнхаус ја нема, Дејвид Боуви го нема. Но јас сум уште тука. Јас имам среќа и секој ден ги бројам благословите!

Таа рече дека жената мора да застане на своите нозе, да не бара поддршка и одобрување од мажите.

- Жените биле толку притиснати што мислат дека е важно што имаат мажите да кажат за нив. Има и мажи што вредат но не затоа што се мажи, затоа што се луѓе што вредат. Како жени, мора да ја цениме нашата вредност и вредноста на другите жени. Најдете силна жена да се спријателите со неа, да земете инспирација и поддршка од неа, да учите од неа, да соработувате, да ја поддржувате, да бидете просветлени! - повика Мадона.

Мадона заплака во текот на говорот, кога се заблагодаруваше на поддршката од фановите сиве овие години.

- Не е толку важно за наградата колку за можноста да застанам овде и да се заблагодарам. Не знаете колку значи поддршката! Но и сите што ме мразеа и велеа нема да можам, не смеам да можам, сите тие ме направија борец каков што сум денеска, жена каква што сум денеска. Ви благодарам!

/извор: billboard.com

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

притисни ентер