Била мртва, а потоа се случило нешто за кое никој не можел ни да сонува

Најголем шок доживеала мајката на девојката која со светот ја подели оваа неверојатна приказна.

Неверојатен момент е забележан на Тајланд кога 49-годишната Чатапорн Срифонла ненадејно се разбудила на пат кон гробиштата каде што требало да биде погребана. Чатапорн најверојатно починала додека ја возеле од болница до нејзиниот дом во провинцијата Удон Тани на 29. јуни минатата година, но тоа само за момент.

Болничарите верувале дека девојката починала додека се возела, а нејзината ожалостена мајка Мали ги известила роднините за трагедијата, припишувајќи ја смртта на битката со ракот на црниот дроб.

- Ќерка ми се лекуваше од рак во болница, но лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее. Сакав последните моменти да ги помине со семејството, па договорив да ја вратат во нашиот дом. Бевме скршени од болка кога откривме дека починала на патот кон дома – изјавила тогаш мајката на Чатапорн.

Семејството го подготвило ковчегот, организирало комеморација и кремирање, а потоа се случило невидено нешто. Додека комбето било на пат кон храмот Ват Шри Фадунг Патана, Чатапорн одеднаш ги отворила очите. Се слушнале врисоци, пискотници, нејзината мајка Мали истовремено била збунета, среќна и запрепастена, повторно имала причина да ги повика роднините, но овој пат со добра вест - нејзината ќерка сепак е жива!

- Лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее, а ние се надевавме дека последните моменти ќе ги помине со семејството, пренесува Daily Mail.

Сличен инцидент се случи и претходно истиот месец во Еквадор, кога 76-годишната Бела Монтоја се разбудила во својот ковчег за време на комеморацијата. Почнала да гребе по ковчегот за луѓето да сфатат дека е жива, но за жал, починала една недела подоцна.

Сите овие чудесни оживувања нè тераат да се посомневаме во границите на медицинската дијагностика и вредноста на животот.

Забранета водата за пиење во општинскиот центар Босилово и уште три села

Комуналното претпријатие „Огражден“ Босилово објави дека граѓаните на населените места Робово, Радово, Секирник и општинскиот центар Босилово водата од водоводната мрежа не може да ја користат за пиење.

Во известувањето се наведува дека таквата одлука е донесена заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во согласност со правилникот за вода за пиење и таа може да се користи исклучиво како техничка вода.

На известувањето реагираа од Советничката група на СДСМ Босилово од каде бараат свикување на итна седница на Советот на Општината.

-Бараме да се направи анализа во сите населени места кои ја користат водата од водоводот. Да се разгледаат анализите од претходните месеци и да се утврди цена на водата како техничка се додека истата не се донесе во состојба на вода за пиење. Доколку анализите покажуваат дека квалитетот на водата не ги исполнува стандардите од претходните месеци ке бараме одговорност од градоначалникот и директорката на комуналното претпријатие, стои во објавата на советничката група на опозицискиот СДСМ во Босилово.

Забраната за користење на водата за пиење важи се додека следните резултати од акредитираната лабораторија за испитување на вода не докажат дека таа е исправна за пиење.

Руските сили ноќеска лансираа 56 дрона кон енергетската инфраструктура на украински регион

Руските сили ноќеска лансираа 56 дрона кон енергетската инфраструктура на украинскиот регион Миколаев

Руските сили во текот на изминатата ноќ лансираа 56 беспилотни летала во Украина, насочени првенствено кон енергетската инфраструктура во јужниот регион Миколаев, изјави утринава регионалниот гувернер Виталиј Ким.

Ким на својот канал на Телеграм изјави дека во ноќниот напад нема жртви, но дека неколку потрошувачи останале без струја.

Украинските воздухопловни сили прецизираа дека во нападот биле погодени пет објекти во региони блиску до линијата на фронтот, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на украинските ВВС, исто така, се наведува дека противоздушната одбрана соборила 22 дрона, но и дека им се губи трагата на 27 беспилотни летала кои најверојатно паднале на украинска територија.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека остатоци од дроновите паднале во двор на градинката во главниот град, но дека инфраструктурата не е оштетена и нема жртви.

Регионалните власти во североисточниот регион Суми соопштија дека напад со дрон предизвикал пожар во административната зграда и оштетил два автомобила.

Предупредувачки мејл до грчката полиција за поставени бомби на неколку локации во Атина

Мејлот, според грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик, испратен во 7.20 часот утрово и полицајци вршат проверки на терен.

Централата на грчката полиција, рано утрово добила мејл со предупредување дека се поставени експлозивни механизми на неколку локации во Атина, меѓу кои болница, суд, како и метростаницата Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.

Мејлот, според грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик, испратен во 7.20 часот утрово и полицајци вршат проверки на терен.

Превентивно бил евакуиран судот, а метрото функционира без прекин, меѓутоа не застанува на станицата Синтагма.

притисни ентер