Библиотеката на Факултетот за безбедност ќе го носи името „Јордан Спасески"

На Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе биде отворена библиотека која ќе го носи името „Јордан Спасески".

Од Факултетот информираат дека Наставно-научниот совет донел одлука со која библиотеката на Факултетот за безбедност во иднина ќе го носи името Библиотека „Јордан Спасески".

Проф. д-р Јордан Спасески ја донираше својата библиотека од близу 1.600 книги и други документи од непроценлива вредност./МИА

Велики Четврток - почнуваат велигденските празнувања

Денеска е Велики Четврок - на овој ден рано наутро пред изгрејсонце се вапсуваат  првите велигденски црвени јајца.   

Вапсањето на црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во целиот христијански свет. Велигденското јајце го симболизира Христовото воскресение. А црвената боја има симболика на победата, кога Синот Божји со своето воскресение ја победил смртта.

„Човекот го изразува преку симбоиката на вапцаното јајце онака како што тоа го направила Марија Магдалена пред римскиот цар кога му поклонила едно јајце, затоа што јајцето бил подарок кај Евреите, оној најскромен подарок што може да се даде, а симболиката на црвената боја е победата , односно победата на живтото на смртта, на воскреснатиот врз демонот, ѓаволот и злото.“- Отец Сашо

Екипата на Канал 5 рано утрината беше во домот на Лиле Цветковска, која раскажа за долгогодишната традиција во нивниот дом.

„Јас по традиџција од мојата мајка со лушпа кромид ги врзуам јајца, црвените веќе ги вапцав... а овие ги пуштаме во која боја сакаме....Па ние како деца кога ќе станвме веќе мајка ми ги имаше вапацано јајцата...“- Лиле Цветвковска

А откако ги завршуваат домашните обврски и ги вапсаат јајцата, граѓаните велат секоја година како за Велигденските, така и за сите други празници одат во најблиската црква, да си земат осветена вода, а денеска на Велики Четврток и брашно и зејтин.

„Прво три едно господово нели за куќата, за домот и другите сите обично во четврток јас сите ги фарбам... Првпат земам и брашно и зејтин, не сум земала досега...“

„Сабајлето како што е традицијата да... дојдов да си запалам свеќи за здрваје....“

„И вечер ќе дојдеме да се протнеме и да оставиме јајце, како е редот, обичаите како налагаат така ќе биде...“

„Иако не сум баш добра на сета сила станав и ги направив....“

„Секоја година доаѓаме, секоја година си фарбаме јајца си ги тераме редовите како што треба...“

Велики Четврток денот од Страдалната седмица, е ден кога почнуваат велигденските празнувања. Ден кога Исус Христос бил предаден и осуден.

„Исто така Велики Четврток е денот кога се извршува светата тајна или освештение, се осветува елеј, зејтин и тогаш верниците знаат си носат зејтин во црквата и после литургијата се извршува таа света тајна и си понесуваат во своите домови, тоа е всушност оној зејтин со кој се помачкуваат преку цела година кога имаат и духовна и телесни потреби.“- Отец Сашо

Утре е Велики Петок, најтажниот ден во Христијанството, кога бил распнат Исус Христос. На Велика Сабота на полноќ се чека радосната вест за Христовото воскресение, по што верниците се поздравуваат со „Христос Воскресна“ - „Навистина воскресна“.

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година е зголемен за 1,7 отсто, а за 1,9 отсто во првиот квартал споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бројот на работниците е зголемен за 5,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,5 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година, бележи пораст кај Енергија за 4,3 проценти, Капитални производи за 16 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Во пресрет на конечната одлука дали ќе продолжиме да плаќаме поскапо осигурување за 15 отсто при регистрација на возилата,  Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Групацијата на осигурителните компании и натаму со спротивставени ставов

Од Агенцијата уште еднаш потенцираа дека зголемувањето на цените е неоправдано и оттаму ја охрабрија Владата, преку измени на тарифникот – да ги намали цените на полисите.

Според анализата на Агенцијата, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето. Според супервизорите, со зголемена цена, ќе се создаде комфорна зона во работењето на компаниите, без да се насочат на иновации и подобрување на ефикасноста.

-Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Тоа е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување. – Агенција за супервизија на осигурување

Со спротивен став излегоа од Групацијата на осигуритените компании при Стопанската комора. Тие реагираат дека Комисијата за автомобилска одговорност 15 години не извршила корекција на цените, кои според Националното биро за осигурување, се неодржливи. Велат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување лани претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.

-Јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години имаме раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите за 83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување. – Групација на осигурителни копмании при Стопанска комора

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаат од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото.

притисни ентер