Бен Афлек ја посети Џеј Ло во вилата што ја продаваат, изгледа натажено (ФОТО)

Бен Афлек е снимен среде гласините за развод од Џенифер Лопез.

Тој ја посетил сопругата во замокот кој парот моментално го продава за 60 милиони долари. Page Six пишува дека актерот поминал четири часа таму, а фотографите го фатиле како заминува со својот црн мерцедес. Афлек изгледал замислен и депресивен кога ја напушти вилата.

Потсетуваме, медиумите неодамна објавија дека Џенифер и Бен ја продаваат вилата што ја купија пред една година. Веќе подолго време се шпекулира за нивниот развод, а пејачката ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм. Двојката неодамна беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

Во Сенатот на САД поднесен нацрт-закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмо

 Во Сенатот на САД е поднесен нацрт - закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмот. Документот беше претставен синоќа од сенаторот републиканец Линдзи Грем и неговиот демократски колега Ричард Блументал.

Според мислењето на авторите на оваа иницијатива, со давањето таков статус на Русија „САД значајно ќе го зголемат достапот до инструменти за казнување“ на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, „деструктивните дејствија во Африка“ и низ целиот свет.

Грем изјави дека неодамнешниот договор на Русија за воена алјанса со Северна Кореја, „еден од најрепресивните режими на планетата“, е последна капка и САД повеќе не треба да бидат да се воздржуваат во своите оценки.

-Ја повикувам администрацијата да го земе во предвид она што Путин го направи на 19 јуни, да игра само на таа карта и да признае дека неговиот режим е таков како што е: држава спонзор на тероризмот, изјави сенаторот.

Блументал истакна дека Русија го „заслужила“ своето место во „клубот на земји отпаднички“, со тоа што разврза „жестока кампања на насилство и агресија“ во Украина причинувајќи многубројни ѕверства и злосторства против човештвото, сеејќи ужас и смрт меѓу илјадници невини мирни жители“.

-Признавањето на Русија држава спонзор на тероризмот ќе овозможи САД да водат поагресивна борба со жестокоста на Путин како и со заканата што тој ја претставува за слободата и демократијата, истакна сенаторот.

Ако биде усвоен овој законски проект, тоа ќе овозможи воведување пожестоки санкции против Русија и засилување на борбата со избегнување на веќе актуелните ограничувачки мерки, се вели во документот. /МИА

притисни ентер