Белгиските земјоделци повторно излегоа на улиците- се противат на договорот на ЕУ и Меркосур

Белгиските земјоделци од Валонија денеска протестираа на патиштата во близина на границите со Франција и Германија и го блокираат сообраќајот.

Белгиските земјоделци од Валонија денеска протестираа на патиштата во близина на границите со Франција и Германија и го блокираат сообраќајот за да го изразат своето противење на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и јужноафриканските земји Меркосур.

Како што јави Brussels Times, протестот започна вчера во 21 часот и е планирано да трае 24 часа.

- Во февруари, во екот на кризата, политичарите дадоа убави ветувања. Не го исполнија мнозинството. Денеска се подготвени да гласаат за договорот Меркосур. Не го сакаме тој договор што ќе овозможи увоз на производи кои не ги исполнуваат истите стандарди како нашите - изјави млад земјоделец на лице место за агенцијата Белга.

Блокади се спроведуваат на иницијатива на Сојузот на млади фармери (ФЈА) со поддршка на земјоделскиот синдикат Фугеа, за време на 65-от самит на Меркосур во Монтевидео, Уругвај, кој трае од 5 до 7 декември.

Постои можност на овој самит да биде постигнат договор меѓу Европската унија и Меркосур, додава белгискиот портал.

Следната година почнува собраниската процедура за разрешување на 5 членови на Судскиот совет

Се поизвесно е дека по празниците Собранието ќе започне постапка за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците. 

Откако не беше усовен извештајот за работата на ова највисоко судско тело, по премиерот Христијан Мицкоски, денеска и собранискиот спикер Африм Гаши рече дека неусвојувањето на извештајот е основ пратениците да гласаат за разрешување и да изберат нови членови на Советот.

-Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Во Комисијата за избори и именувања како биле назначени, така ќе бидат разрешени и така ќе оди повторното назначување на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање,- изјави – Африм Гаши – Претседател на Собрание.

Но пред да се оди на варијантата за нивно разрешување во Собрание, Гаши најави дека ќе се консултираат со Уставниот суд и експерти дали тоа би било противуставно или спротивно на закон. Дел од познавачите велат дека овој начин на разрешување би бил спорен со оглед дека постапката за престанок на функцијата и разрешувањето, која според уставот е уредена со закон. Во законот за Судски совет се утврдени основите за престанок на мандат и дисциплинските постапки, но ваков начин на разрешување не е предвиден. Но од друга страна пак поранешната судијка Вера Коцо вели дека неусвојувањето на извештајот е доволна основа пратениците да започнат постапка на членовите на Судскиот совет кои тие ги избрале.

-Ако се тргне од она што значи уставна определба односно оние функционери што се избрани од страна на Собранието, може да биде покрената постапка за нивно разрешување, односно да се покрене импичмент за секој или сите од нив ако најдат дека истите се одговорни во однос на она што била нивна надлежност во вршење на нивната работа. Исто така и во Законот за Судски совет пишува дека тие својот извештај за работата односно Судскиот совет за својата работа доставува извештај до собранието кое го разгледува тој извештај и врз основа на истиот може да оцени дали тие ја извршувале солидно нивната надлежност или пак имало некакви пропусти- изјави – Вера Коцо – Поранешен судија.

Од вкупно 15 членови во Судскиот совет од кои двајца, претседателот на Врховен суд и министерот за правда се по функција, осум члена судиите избираат сами, а петмина ги избира Собранието. Во овој состав на Советот тоа се доскорешната претседателка Весна Дамева и Селим Адеми, кои ги предложи екс претседателот Пендаровски, како и Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска, кои директно ги избра Собранието.

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до 10 години во врска со нападите врз воени објекти по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан во 2023 година, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на пакистанската армија.

Од истите причини пред неколку дена беа изречени затворски казни за група од 25 цивили.

Апсењето на Кан во мај минатата година предизвика протести низ целата земја, при што неговите приврзаници напаѓаа и ограбуваа воени објекти.

Трамп најавува крај на „трансродовиот делириум“

Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило.

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре, како што рече, трансродовиот делириум во САД.

Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, тој рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои ќе се ставело крај на како што го дефинираше, сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучеле трансродовите лица од војската и училиштата.

-Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило. И ќе потпишам извршни наредби да се стави крај на сексуалното осакатување на децата. Да го тргнеме трансродовото надвор од војската и надвор од нашите основни и средни училишта.И ќе ги држиме мажите надвор од женските спортови. Тоа исто така ќе биде направено на првиот ден, рече новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп во обраќањето.

притисни ентер