Бајден и Трамп на средба во Белата куќа: Се радувам на непречена транзиција

Американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска се сретнаа во Белата куќа како дел од почетокот на процесот на предавање на власта.

Бајден му рекол на Трамп дека се радува на „непречена транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да бидат сместени во Белата куќа, пренесе Си-Би-Ес.

„Политиката е тешка и во многу случаи не е многу убав свет, но денес е убав свет и јас тоа многу го ценам“, рече Трамп.

Поздравувајќи го Трамп, Бајден го нарече „новоизбраниот претседател и поранешен претседател“, а потоа се ракуваа.

Сопругата на Трамп и идната прва дама на САД претходно објави дека нема да се сретне со сегашната прва дама Џил Бајден, иако двете први дами традиционално се среќаваат, пренесува Си-Ен-Ен.

Познат е мотивот на мајката од Франција, која си ги уби трите деца

Жителите на мирниот град во Франција, каде мајка, наводно, избодела три деца до смрт пред да биде пронајдена мртва, велат дека можеби постапила од одмазда.

Дебора Пел (45) наводно ги избодела своите деца Џулс (2), Ноа (11) и Викторија (13) во нивниот дом во Танинг во вторникот, пред да се упати кон соседна Швајцарија, каде што подоцна била пронајдена мртва во ауди.

Локалните жители сега тврдат дека Дебора можеби „сакала да се одмазди со убивање на децата“ откако „со партнерот работите не оделе добро“ и тој се оддалечил, според Le Parisien.

Мажот, кој е татко на најмалото дете, го открил ужасот во семејната куќа и веднаш ги повикал надлежните. Обдукцијата покажала дека децата биле избодени до смрт.

Ќерката на Дебора, Викторија, наводно претходно ѝ рекла на својата пријателка дека „со нејзината мајка работите не се добри, дека е депресивна“. Дебора наводно оставила и проштално писмо, но содржината не е позната.

Телата на децата биле пронајдени во вторникот околу 13 часот, по што е започната потрага по мајката.

Дебора имала француско и швајцарско државјанство, поради што француските власти веднаш побарале помош од швајцарските колеги во потрагата по неа.

Вчера наутро нејзиното тело било пронајдено во автомобил на паркинг во Швајцарија, а причината за смртта се уште не е позната.

Полицијата го истражува мотивот за ова страшно злосторство.

Според медиумите, најстарите деца биле од претходната врска на Дебора, додека таа со сегашниот партнер го имала само најмалото дете.

Мештаните се во шок по злосторството, додека истрагата продолжува.

УЕФА со итна истрага за англискиот судија Кут, кој шмрка бел прав по натпревар на ЕУРО (ВИДЕО)

УЕФА одлучи да отвори итна истрага откако се појави видео на кое наводно може да се види како англискиот судија Дејвид Кут шмрка некаков вид на бел прав само еден ден по четвртфиналето на Европското првенство.

Како што наведува британски „Сан“ во својот текст, тој прав изгледал како кокаин, а Дејвид Кут користел банкнота од долар за да шмрка сè од масата во должина од неколку сантиметри.

Ова не е прв скандал во кој се најде Кут, бидејќи пред само неколку дена на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Англичанецот го нарекува Јирген Клоп „п*к“, додека тој го нарекува Ливерпул „ sh*t“.

Како резултат на тоа, тој исто така беше суспендиран од PGMOL, Англиската професионална асоцијација на судии, во очекување на истрага. По тој повод со кратко соопштение се огласи и УЕФА.

- Назначен е дисциплински инспектор на УЕФА да процени дали има прекршување на дисциплинските прописи од страна на судијата, господинот Дејвид Кут. Дополнителни информации за овој случај ќе има подоцна – напиша УЕФА.

Дејвид Кут го нема на судискиот список за претстојните меѓународни натпревари, иако беше планирано да се најде на нив.

Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата

Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. 

Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Комисија за финансирање на буџет.

“ Треба да видиме како ќе се справиме со тоа. Затоа и во фискалната стратегија ова го нема, а ви укажавме. Но, кога ќе ги прочитаме бројките, ако отидете во документот кој е направен од парламентарната буџетска канцеларија на страна 36, во стоки и услуги, стои дека за цели 15 посто во споредба со ребалансот, се зголемуваат материјали и ситен инвентар. Тоа се 757 милиони денари. Во договорни услуги, 4,9 милијарди се зголемуваат договорните услуги. Па, тоа е 80 и нешто милиони евра договорни услуги“, рече Битиќи.

Поради нервоза на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивното несоосветно оснесување со постојани дофрлања, седницата е прекината и тече пауза, соопштуваат од СДСМ.

притисни ентер