Баерн ја продава ѕвездата за кого пред две години плати 67 милиони евра

Баерн е подготвен да го продаде дефанзивецот Матијс де Лигт (24), објави Флоријан Плетенберг.

Германскиот фудбалски инсајдер смета дека тоа е „изненадувачка одлука“, но истакнува дека на баварскиот клуб му требаат пари, а тие би можеле да се добијат со продажба на холандскиот репрезентативец. Покрај обештетувањето, Баерн би се ослободил и од големата плата договорена до 2027 година.

Да потсетиме, Де Лигт дојде во Баерн пред две години од Јувентус во трансфер вреден 67 милиони евра. Вкупно за Баерн забележа 73 настапи, пет гола и две асистенции и го освои германското првенство и куп. Кариерата ја започна во Ајакс, каде важи за еден од најголемите таленти родени во фантастичната академија.

Тој веќе има 45 настапи за националниот тим со кој ќе настапи на претстојното Европско првенство. Трансфермаркт, сајт специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека неговата моментална цена е 65 милиони евра.

Плетенберг наведува дека Џонатан Тах (28) ќе биде замената на Де Лигт. Станува збор за германскиот репрезентативец кој минатата сезона како капитен го предводеше Баер Леверкузен до титулите во Бундеслигата и Купот на Германија. Тој ги договорил личните услови, односно договор до 2029 година, а сега следуваат преговори меѓу Баерн и Баер, открива инсајдерот.

Тах е девет години во клубот од Леверкузен каде што пристигнал од ХСВ. За Германија има 25 настапи, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 30 милиони евра.

Со незапаметен спектакл на реката Сена отворени летните Олимписки игри во Париз

Олимписката треска почна да го тресе светот. Најголемиот спортски настан беше отворено со историски спектакл кој тешко ќе се заборави – градот на светлината, Париз, блесна во Олимписките бои.

Речиси да немаше момент без содржина, сликата само се префрлаше од едно на друго случување, кое од кое поспектакуларно, оставајќи ги гледачите воодушевини.

Ако во претходните години олимписките спортисти шетаа по стадионите, Париз тоа го направи на сосема инвентивен начин, секој тим имаше брод – кој пловеше по Сена, а носителите на знамињата стоеја на кормилата на бродовите.

Првиот брод беше резервиран за Грција – лулката на олимписките игри, втор емигрантскиот тим, па потоа следуваа по азбучен ред, за последен да доплови бродот на домаќинот со громогласни овации.

Париз во четиричасовната церемонија ги покажа сите свои знаменитости, уметноста, модата, кабареата, кои беа збогатени со модерни танци и коњаници на вода...А, испеана беше и легендарната „Imagine“ – на Џон Ленон – која зборува за единство и мир.

По долги години боледување, повторно во живо се слушна и гласот на Селин Дион, нејзината сцена беше симболот на Париз – од врвот на Ајфеловата кула ја отпеа химната на љубовта на Едит Пјаф...

Додека траеше спектаклот – факелот повеќето од времето патуваше кај мистериозниот носител, но се најде и во рацете на светски спортски легенди, како Зидан, Тони Паркер – Амели Морезмо, Рафаел Надал и многу други, за на крајот 100 годишниот Шарл Кост, кој е прв француски олимписки шампион, со помош на тројната олимписка шампионка – Мери Перез да го запали олимпискиот оган, кој за прв пат во историјата ќе лебди над Париз во балон.

Македонија на 33тите олимписки игри ќе учествува со шест спортисти – нашиот брод по Сена помина во групата репрезентации чие почетна буква е М. Носители на македонското знаме беа Мила Релиќ и Дарио Ивановски. – Тие добија поддршка и од олимпиецот Дејан Ѓеорѓиевски – кој во Таеквондо на игрите во Токио освои сребрен медал, што историски е најдобар успех во независна Македонија.

Ѓеорѓиевски раскажа што значи да се биде учесник на најголемата смотра на светскиот спорт - Олимпијадата

Посочи и кога почнал да го сонува олимпискиот сон, што му значело да е носител на знамето, а и што е потребно во борбата за медал на Олимписките игри.

Летните олимписки игри официјално започнаа вчера ќе траат до 11 август, а учество зедоа речиси 11.000 спортисти од повеќе од 200 држави.

ИОК на превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

Која е мистериозната жена која „јаваше“ низ Сена и го донесе олимпиското знаме?

Го донесе знамето, па „исчезна“: Која е мистериозната жена јавач на металниот коњ?Глетка за паметење - џокејка „во галоп“ низ Сена го носи олимпиското знаме до Трокадеро.

Светот зборува за неверојатната јавачка на коњ робот по Сена.

Џокејката која галопира по Сена на метален коњ беше една од најспектакуларните сцени од отворањето на Олимписките игри во Париз.

Таа потоа го предаде знамето на Трокадеро, пред Игрите да бидат прогласени за отворени.

Станува збор за Флоријан Исерт, припадничка на Националната жандармерија, којаза време на свеченото отворање на Олимписките игри „галопираше“ на метален коњ по Сена и го носеше олимпиското знаме.

притисни ентер