АЗ Алкмар го затвори стадионот за 43 свои навивачи

По завршувањето на реваншот во Алкмар, група домашни хулигани го пробија заштитниот кордон и влегоа на дел од централната трибини каде беа сместени околу 200 навивачи на Вест Хем, во најголем број семејства и пријатели на фудбалерите на Вест Хем.

Раководството на холандскиот фудбалски прволигаш АЗ Алкмар изрече забрана за влез на клупскиот стадион за 43 навивачи кои нападнаа симпатизери на лондонски Вест Хем за време на минатонеделниот реванш полуфинален натпревар во Лигата на конференции.

Вест Хем триумфираше на гостувањето во Холандија со 1-0 и вкупен резултат од 3-1 обезбеди пласман во финалето во кое на 7 јуни во Прага ќе игра против Фиорентина.

По завршувањето на реваншот во Алкмар, група домашни хулигани го пробија заштитниот кордон и влегоа на дел од централната трибини каде беа сместени околу 200 навивачи на Вест Хем, во најголем број семејства и пријатели на фудбалерите на Вест Хем.

Навивачите на АЗ ги нападнаа гостите, по што неколку фудбалери на Вест Хем ја прескокнаа оградата и влегоа во метежот за да ги одбранат своите семејства и пријатели. Полицијата и обезбедувањето брзо пристигнаа на местото на инцидентот и спречија негова ескалација, а редот беше воспоставен по десет минути.

„АЗ издаде 43 забрани за влез на стадионот како одговор на минатонеделните немири“, соопшти клубот од Алкмар, додавајќи оти против инволвираните во тек е и кривична истрага од страна на холандските власти.

Претседателот на Собранието Џафери го прими новоизбраниот полски aмбасадор Гжелчик

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го примил новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Кшиштоф Гжелчик.

Билатералните односи, ситуацијата во земјата, регионот и пошироко, за споделувањето на истите вредности и ставови за одредени прашања, како и за можностите за понатамошен развој и динамизирање на односите меѓу двата парламента, биле темите на кои разговарале на средбата Џафери и Гжелчик.

- Претседателот Џафери истакна дека агресијата на Руската Федерација врз Украина претставува неочекуван предизвик за Полска, како прв сосед, истакнувајќи дека придонесот на Полска е признаен и поздравен. Тој ја поздрави и поддршката од Република Полска за нашата земја во однос на нашето зачленување во НАТО и за евроинтеграцискиот процес, при што, амбасадорот Гжелчик рече дека Полска е една од земјите што сакаат Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери.

Претседателот на Собранието Џафери и амбасадорот Гжелчик на средбата констатирале дека билатералните односи можат да се збогатат со уште многу нови содржини од взаемен интерес.

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат.

Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто.

Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација.

Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола. /МИА

притисни ентер