Австриска министерка , по потекло Босанка, примила 25 000 навредливи пораки – ја чува полиција

Австриската министерка Алма Задиќ, добила 25.000 навредливи пораки преку интернет по стапувањето на должноста во јануари, изјави политичарката родена во БиХ во денешното интервју.

Задиќ е првиот имигрант што станала министер во Австрија, откако избегала со своите родители пред војната во БиХ, кога имала десет години.

Повеќето објавени пораки се сексистички, антиимигрантски или антимуслимански, иако Задиќ не е муслиманка.Таа добила и смртни закани и затоа е под полициска заштита.

35-годишната политичарка од партијата на Зелените за неделникот „Инсајдер“ изјави дека тие 25.000 пораки може да водат до кривична постапка против нивните автори, од кои многумина ги користеле нивните вистински имиња.

„Во моментов размислувам како можам да ги процесирам сите, но навистина имам други работи за кои што треба да се грижам“, изјави Задиќ.

Министерката посочи дека многу Австријци биле соочени со мобинг на интернет заради нивниот пол, странските корени или религијата.

Задиќ рече дека работи на мерки што ќе им овозможат на жртвите подобра правна заштита и повика на одговорност на социјалните медиуми кога станува збор за известувања за прекршување на законот.

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.  

- Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.

Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Северна Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).

- Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” .

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” и позиционирањето на Македонија на 36-то место заедно со останатите развиени европски демократии.

„Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности.” - посочи претседателот Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.

Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.

„Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати.” - истакна Ковачевски.

Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.

„Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите.” - порача Ковачевски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, се наведува во партиското соопштение.

Направано е најголемото тирамису на светот, влезе во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Нема некој што не сака тирамису, омилениот италијански десерт, а во чест на Светскиот ден на Тирамису, што се одбележуваа секоја година на 21 март, италијански ресторан во Лондон го направи највисокото тирамису на светот.

Тимот од ресторанот Луси во лондонскиот Ковент Гарден го помина целиот ден градејќи го највисокото тирамису на светот. И кога го „изградиле“, го измериле и бил висок два метри – повисок од просечниот маж – и така влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Од страна на персоналот во ресторанот љубезно наречен „Торемису“ (доаѓа од италијанскиот збор „торе“, што значи кула), овој џиновски десерт е направен од сите класични состојки на тирамису и е целосно јадлив. Биле потребни пет часа за да се состави, но дури 24 часа за да се подготват сите состојки.

„Торемису“ стана толкав хит што тимот направил уште една реплика неколку дена подоцна, а тој ден решија сите што вечераат во овој ресторан да ги почестат со бесплатно тирамису.

@viziesfizii #CapCut ♬ suono originale - Viziiesfizii

Инаку, италијанскиот ресторан Luci во Ковент Гарден е познат по широкиот избор на италијански колачи, меѓу кои најмногу се издвојува тирамисуто. Но, освен десерти, овде наутро може да се купи свеж леб и пецива, а од пладне во понудата има фокача, чабата и италијанска пица.

притисни ентер