Австриец слетал од патот и се приземјил во дворот на соседот, 12 пожарникари го извлекувале

Необичен инцидент се случи во австриската провинција Штаерска во неделата на 22 септември.

Надлежните служби биле повикани на акција, бидејќи маж излетал со автомобил од карпа, прелетал камена ограда и завршил во дворот на соседот.

Кога стигнале на местото на настанот, пожарникарите веднаш до базенот виделе оштетен бел автомобил.

Возилото се превртело и за среќа не завршило во водата, јавува oe24.at.

Дванаесет пожарникари го извлекувале автомобилот за подоцна да го подигне шлепер.

Во инцидентот нема повредени, а други детали не се соопштуваат.

Полицијата во САД нуди 50.000 долари за информации за пукотница- убиени се 4, ранети 17 лица

Полицијата понуди награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на осомничените за масовното пукање пред популарен клуб во Алабама минатиот викенд, во кое загинаа четири лица, а 17 беа ранети.

Едно од најлошите масовни престрелки во последните години во Алабама се случило во саботата вечерта во градот Бирмингем, а полицијата верува дека зад тоа стои група напаѓачи, јави Би-Би-Си.

Надлежните изјавија дека се уште се трага по осомничените, како и проверка на бројните пријави што ги добиле од граѓани. Инспекторите го опишаа нападот како „државен удар“ во кој биле вклучени повеќе вооружени лица кои се чини дека требало да убијат одредена личност.

Нападот се случил нешто по 23 часот по локално време во квартот „Фај поенти “, кој е познат по својот ноќен живот. Мета на напаѓачите биле посетителите кои чекале да влезат во клубот за пури и наргиле.

„Ова е насочено пукање, а не случаен инцидент“, изјави началникот на полицијата во Бирмингем, Скот Турмонд.

Според очевидци, неколку напаѓачи излегле од возилото и отвориле оган врз толпата пред да побегнат од местото. Тие, наводно, користеле уреди за конверзија на оган од автоматско оружје.

Инспекторите велат дека на местото на настанот биле пронајдени околу стотина чаури. Градоначалникот на Бирмингем, Рандал Вудфин, изјави дека напаѓачите користеле таканаречени „глок-прекинувачи“, уреди кои можат да се прикачат на пиштолите за да ги натераат да пукаат автоматски.

„Ова е огромен проблем за јавната безбедност“, рече тој.

Салонот за наргиле Hush во соопштението вели дека им е „скршено срцето“ и дека нема никаква врска со она што се случило.

Жртвите се идентификувани како една жена и тројца мажи. Сите се под 28 години и сите се од Бирмингем. Три лица починале на лице место, а четвртото во болница им подлегнало на повредите.

Началникот на полицијата Турмонд изјавил дека безбедносните власти добиле информација дека „некој е подготвен да плати за да биде убиена една од жртвите“.

Полицијата верува дека станува збор за целен напад бидејќи неколку од жртвите имале голема криминална историја. Повеќето од ранетите избегале со полесни повреди, но пет лица се уште се во болница.

Еден од ранетите, Габриел Еслами, за локалните медиуми изјавил дека бил застрелан во задникот додека чекал на ред:

„Имаше крв насекаде. Телата на загинатите и ранетите беа на тротоарот“, рече тој.

Се уште не се уапсени. Потрагата по виновниците продолжува, а малку се знае за нив. Полицијата смета дека инцидентот е резултат на ангажирање на наемни убијци. ФБИ, како и АТФ, Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се приклучиле на истрагата.

Крвопролевањето доаѓа во време на бранот оружено насилство во Бирмингем. Веќе во неделата вечерта се случила нова престрелка во која едно лице е убиено, а друго е рането.

Имало повеќе од 400 масовни престрелки низ САД досега оваа година. Масовно пукање по дефиниција е инцидент во кој најмалку четири лица се повредени или убиени. Инцидентот во Бирмингем е второ масовно пукање во градот за два месеци и трето четирикратно убиство во 2024 година.

Ужас во Романија: Тинејџер ја силувал својата 11 годишна сестра и снимките ги објавувал

Полицијата во Романија уапсила тинејџер (17) под сомнение дека ја силувал сопствената сестра (11), ја снимил целата работа, а снимката ја објавил на Интернет.

Момчето од Јаши е обвинето дека делото го извршил на крајот на јули годинава.

Според неофицијални информации, осомниченото момче ѝ се заканувало на сестрата, а потоа ја нападнал и силувал, а цело време злосторството го снимал на својот телефон.

На крајот снимката ја објавил на интернет.

Според романските медиуми, злосторството се случило на 27 јули, но родителите не знаеле ништо за тоа бидејќи девојчето молчело. На крајот решила да оди во полиција и да го пријави својот брат.

Истрагата е во тек, објави Телеграф.

Синот на атентаторот на Трамп е уапсен поради детска порнографија

Синот на човекот кој се обиде да го убие поранешниот претседател Доналд Трамп на неговиот терен за голф на Флорида, денеска е уапсен под обвинение за детска порнографија, според судските записи.

Оран Александар Рут е обвинет за две точки за детска порнографија.

Според тужбата, агентите на ФБИ извршиле претрес во домот и уредите на Оран Рут на 21 септември, неколку дена откако неговиот татко бил уапсен „во врска со истрага која не е поврзана со експлоатација на деца“.

Извор запознаен со истрагата изјавил за Си-Ен-Ен дека претресот бил спроведен како дел од истрагата против Рајан Весли Рут.

Според судските документи, иследниците пронашле „стотици датотеки со детска порнографија“ на мемориската картичка на еден од уредите на Оран. Агентите откриле и разговори на уреди за кои тврделе дека припаѓаат на Оран Рут, во кои поединецот рекламирал продажба на детска порнографија на Интернет.

Обвиненијата против Оран Рут се поднесени во Северна Каролина, каде што истражителите велат дека живее.

притисни ентер