Авантуристот Пикард постави светски рекорд со автомобил на водород (ВИДЕО)

Бертранд Пикард е вљубеник  во вселената и модерната технологија, важо како еден од најголемите светски авантуристи , а сега помогна да се сруши уште еден рекорд.

Исто како што сугерира неговото презиме, Пикард , како и познатиот Жан-Лук Пикард, вљубеник во вселената. Сега е приземјен за да го вози „Хјундаи Нексо“, еден од ретките автомобили на водород, што сериски се произведува.

Тој се возеше низ цела Франција без да го полни резервоарот цели 778 км, па дури и тогаш дисплејот во возилото покажа дополнителен опсег од 49 км.

Но, кога пристна во Ле Бургет пред Музејот посветен на воздушната индустрија, тој знаеше дека го достигна светскиот рекорд.

За да го промовира таквиот алтернативен погон, Пикард правеше сопствени тури и се возеше во друштво на бројни познати личности, од француски министри до војводата од Луксембург Хенри и принцот Алберт.

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

притисни ентер