Ауди го освежи својот најпродаван модел А4 (ФОТО)

Германскиот призводител Ауди го освежи својот најпродаван модел А4 во верзии Sedan и Avant за  2019. година со мали измени.

Посебно се истакнува новиот дизајн на браниците, фелните и "S lin competition" пакет опремата на автомобилот кој беше претставен во 2015. На новиот модел на предниот браник доминираат пенатагонални рамки за вентилациските отвори , во кои има рамка во форма на буквата U , што изгледа како да е од алуминиум , а не е. Веднаш до него е пластика во форма на саќе , што и дава спортски изглед на автомобилот.

Самиот дизајн на препознатливата предна маска се менува во зависност од пакетот на опрема па така во S Line го имитира 3Д изгледот. Ауди го смени и задниот браник , во кој инсталира два трапезоидни издувни вентили , меѓу кои е преработен дифузер , нешто помал отколку во постојниот модел .

Што се однесува до алуминиумските фелни , ќе бидат понудени димензии од 16 до 19 инчи. Уште една новина е турбо сината боја , спојлерот на покривот на Avant верзиите , логото на Ауди на долниот дел на задната варта, LED фарови , спортско потпирање...S Line Competition носи и измени во внатрешноста како полукожните црни спортски седишта и волан со три крака.

Прадажбата на Ауди А4 Sedan и Avant почнува во Германија во третиот квартал на годината.

Православните христијани го одбележуваат Велики Петок

Велики Петок денот кога Исус Христос починал на крст во шестиот час од денот. 

Во христијанстовото денеска е најтажниот ден, но суштината на овој ден е дека по смртта има воскересние. Во црквата Света Петка верниците со молитви за прошка и со големо внимание ги слушаа читањета на извадоци од евангелијата за страдањето на синот божји за сите откажувања од него, но и за оние кои верувале дека Исус е синот божји. Во моментот на неговата смрт завесата во ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се замрачило, ѕвоната распукале, а мртвите станале од гробовите.

По прочитаните евангелија во црквата се стави симболот на светиот гроб прво под него поминаа светштениците, а со благослов и верниците. Утринската литургија исполнета со читања, молитиви и пеењето на хорот со децении е симбол за верувањето во Бога на 82 годишната баба Зора. Со бастумчето нога пред нога доаѓа со молба и здравје за нејзините внуци и да им се радува во животот. За сите нејзини чеда пали свеќа. Годините и го намалиле видот, но вербата во молитвата и вербата кон Бога останува. Милно вели: „не гледам да запалам свеќа, но со божја волја и помош од вас присутните пламенот од моите свеќи ги има на овој ден“.

Православниот канон предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, во знак на таговно сеќавање на настаните. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Легендата на Ливерпул: Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел

Грејм Сунес, легендата на Ливерпул, кој со клубот од „Енфилд“ освои пет титули во Премиер лигата и три европски купа, го нарече Мохамед Салах најсебичниот играч што некогаш го видел.

Откако Салах пристигна во Ливерпул во трансфер од Рома во 2017 година, тој одиграл 346 натпревари за клубот, постигнал 210, асистирал на 88 гола и освоил сѐ што било можно со клубот. Сонес верува и дека Салах наскоро ќе го напушти „Енфилд“.

Сонес зборувал за Салах по инцидентот на египетскиот напаѓач на натпреварот против Вест Хем, кога тој се расправаше со тренерот Јирген Клоп на страната на теренот. Англиските медиуми се занимаваа со ситуацијата неколку дена по натпреварот, а успеаја да допрат до професионален читач на усни.

Тој открил дека Клоп го прекорувал Салах затоа што бил премногу бавен за да се подготви за натпреварот, по што почнала расправијата. „Не можам да сторам ништо околу тоа“, промрморел Салах, без одговор од Клоп. Салах толку се вознемирил што почнал да вика дека ќе добие црвен картон кога ќе влезе:

„Ќе добијам црвен картон. По седум години, по седум години играње, по седум години играње“, извикал египетскиот напаѓач. Потоа беше смирен од соиграчот Дарвин Нуњез. По натпреварот, Салах прошетал низ зоната за интервјуа и одбил да застане и да даде подолга изјава, објави Атлетик. Пред новинарите кратко застанал и само рекол: „Ако зборувам денеска, ќе има оган“.

Сонес коментира вака:

„Мислам дека Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул. Беше одличен и ако замине во Саудиска Арабија ќе стане најголемата ѕвезда таму. Има многу високо мислење за себе и беше лут што не го започна натпреварот против Вест Хем. Тој е најсебичниот играч што некогаш сум го видел.

Камерон: Украина има право да го користи нашето оружје за напади во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина .

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку навистина исцрпивме сѐ што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервјуто за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош е најголем од Обединетото Кралство до денес.

„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денес додека сум тука“, рече тој.

Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека тоа зависи од Киев.

„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.

Камерон, кој го предводеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт пред само неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.

Највисокиот британски дипломат го прослави објавувањето на долго одложуваниот пакет помош од 60 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес.

„Тоа е апсолутно критично, не само во однос на оружјето што ќе го донесе, туку и на зајакнувањето на моралот што ќе го донесе на луѓето овде во Украина.

Сепак, Камерон не одговори директно на прашањето како мисли дека евентуалниот реизбор на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа може да влијае на американската поддршка за Украина.

Трамп и тврдокорните републиканци во Конгресот се против понатамошната помош за Украина, со можен исклучок за заем.

„Не зависи од нас да одлучиме кого американскиот народ ќе избере за свој претседател - ние ќе работиме со кој било“, рече Камерон.

притисни ентер