Лука Модриќ му го разубави денот на дете без нозе (ВИДЕО)

Малиот Амир Али од Саудиска Арабија нема нозе, но тоа не го спречи да игра фудбал со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

Лука ги трогна своите многубројни  фанови објавувајќи клип од него и Амир како му додава топка, а момчето без напор му враќа, движејќи се со рацете и ја удара топката со глава. На крајот, фудбалерот се потпиша на топката и му ја подари на момчето.

"Беше прекрасно да се запознаеме. Продолжи да ги инспирираш другите со вашиот оптимизам. Фудбалот е многу повеќе од игра", напиша Модриќ во објавата, додавајќи во хаштагот: "Најдобрите работи никогаш не доаѓаат лесно".

За само еден час, видеото го погледнале над 200.000 луѓе.

„Лука, те сакаме“, „Колку си голем“, „Секоја чест“, „Легенда, маестро, генијалец“, „Ти си пример“, му напишаа луѓето во коментарите.

,,Огнено” дерби во Атина , навивачите се прекачуваа преку стадионот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос го совладаа ПАОК во грчкото првенство со минимални 1-0.

Црвено-белите ги совладаа црно-белите, откако не успеаја да го сторат тоа во првиот дел од сезоната (1-1 во Пиреја).

ПАОК имаше повеќе удари, повеќе топки во нозете, но не успеа да го достигне голот на гостите, па беа казнети.

Натпреварот го реши српскиот фудбалер Лазар Ранѓеловиќ во 49-та минута.

ПАОК успеа да постигне гол во 55. минута, но истиот беше поништен поради офсајд, откако така реши ВАР технологијата. До крајот на мечот „црните и белите“ имаа уште една шанса, но не ја искористија.

Како и обично, фудбалот во грчкото дерби не беше во прв план.

Навивачите на ПАОК го исполнија стадионот, но билетите не им беа доволни. Оние кои не успеаја да обезбедат билет пред натпреварот, се обидоа да влезат на мечот преку ѕидот на стадионот. 

Фудбал или ракомет : Неверојатната ситуација во македонскиот фудбал го обиколи светот (ВИДЕО)

Сцена од дербито на 20-то коло на македонското фудбалско првенство стана светски хит благодарение на социјалните мрежи.

Во натпреварот Ѓорче Петров - Академија Пандев (1-0), одигран од клубови кои се борат за место кое води во Европа, се случи ситуација која не може да се види никаде во светот.

Играчот на Академијата Пандев, го запре нападот на противникот со тоа што му ја одзеде топката со својата топка што ја држеше во рацете, а потоа со ракометен потег му ја фрли меѓу нозете на противничкиот играч за да му ја одземе топката  што беше на теренот.

Потегот го налути судијата, , па неговиот тим остана не само со играч помалку, туку беше поразен  од пенал во седмата минута на судското продолжение.

Фјури по победата над Вајлдер : Кралот се врати на тронот

Британскиот боксер Тајсон Фјури е новиот светскиот шампион во ВБЦ категоријата, откако во спектакуларен меч во Лос Анџелес со технички нокаут во седмата рунда го совлада Даонтеј Вајлдер кој ја бранеше титулата во тешка категорија..

 „Џипси кинг“, како што го нарекуваат Фјури, почна агресивно и не му остави простор за напад на противникот, кој неколку пати легнуваше на подот. Во седмата рунда по серија удари кон Вајлдер, судиите ја прекинаа борбата и победата му ја доделија на Фјури.

Со тоа, Вајлдер го претрпе првиот пораз, а Фјури ја освои титулата...

притисни ентер