Тесла на Маск го надмина Фолксваген според пазарната вредност на компанијата

Американскиот производител на електрични возила Тесла го истисна германскиот Volkswagen од втората позиција на највреден производител на автомобили во светот по пазарната вредност, иако заостанува далеку зад нив по бројот на продадени автомобили.

Цената на акциите на Tesla е повеќе од двојно зголемена од октомври минатата година, кога компанијата објави дека го затвори својот трет фискален квартал со профит. Претходно, позитивен деловен резултат беше забележан во последните два квартали од 2018 година.

Компанијата на Илон Маск сè уште не може да се пофали со позитивен резултат за целата деловна година.

Во средата, акциите на „Тесла“ пораснаа за четири проценти, а пазарната вредност на компанијата надмина 100 милијарди американски долари. Притоа, го дислоцираше германскиот Фолксваген од втората позиција во светот со пазарната капитализација.

Водечката позиција ја држи јапонската Тојота со 230 милијарди долари.

Некои аналитичари сметаат дека растот на цените на акциите на Тесла ги одразува добрите перформанси на компанијата во последните месеци. Неодамна Тесла отвори фабрика во Шангај што треба да послужи како отскочна даска во освојување на кинескиот пазар.

Бројот на испорачани автомобили сè уште заостанува зад традиционалните автомобилски гиганти. Така, во јануари објавија дека доставиле повеќе од 367.500 автомобили минатата година, 50 проценти повеќе отколку во 2018 година.

Фолксваген испорача скоро 11 милиони , а Тојота продаде нешто повеќе од девет милиони од јануари до ноември.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер