ТЕЛЕШКО МЕСО НА БЕРОВСКИ НАЧИН

Рецепт на СЛАВЧО ДЕМИРОВСКИ

Потребни состојки :  200 гр. телешко месо, 100 гр. печурки, 1 главица кромид, 1 пиперка, 3 кисели краставички, 1 лажица путер со зачини, 3 лажички еспањол сос, малку слатка павлака, 1 компир и неколку парчиња беровско печено сирење.

Постапка:

Црвената пиперка се сече на долги ленти и се става на скара.

Кромидот, печурките и киселите краставички се сечкаат и се ставаат на скара.

Телешкото месо се сече на долги ленти и се става на скара.

Mесото се пече на страна од зеленчукот и се додава 1 лажица путер со зачини.

За тоа време во загреана тава се ставаат 3 лажички еспањол сос.

Сите состојки од скарата се ставаат во тавата и се додава малку павлака.

За тоа време на скара се пече сечкан компир на кругови и неколку парчиња печено беровско сирење.

Состојките во тавата се пропржуваат неколку минути и се сервираат во чинија.

Како прилог се додаваат печените компири и печеното сирење.

На Инфективна клиника хоспитализирани 36 пациенти со грип, еден во животозагрозувачка состојба

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден се прегледани 24 пациенти со грип. 

Хоспитализирани се вкупно 36 пациенти со грип и компликации, информираат денеска од таа јавна здравствена установа.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочија вчера од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиниката вчера посочија дека изминатиот викенд починал 86-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имал и деменција и претходно прележана туберкулоза. Тоа е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести. /МИА

Грипот ги наполни болниците и ги испразни училиштата

Грипот продолжува да ги полни болниците, гужви и редици на чекање во амбулантите кај матичните лекари а се помалку има ученици па и наставници на настава по училиштата.

 Иако и официјалните податоци на институтот за јавно здравје покажуваат дека редовно февруари е месецот со најмногу заболени од грип, распустот на учениците никако да се промени и да се адаптира кон ваквата состојба.

Податоците за шестата недела годинава покажуваат дека заради топлото време грипот почна и порано но и за 60% има повеќе заболени во однос на десетгодишниот просек во земјава. Секоја година најголемиот број на заболувања е во февруари што го потврдуваат и официјалните податоци но и матичните доктори кои овој период имаат најмногу работа со грипот и настинките.

За утре е закажана седница на комисијата за заразни болести на која ќе се објави најновиот пресек за заболените од грип но и се очекува да се разгледа точката дали да се воведе вонреден распуст во училиштата каде наставата едвај се одвива во полупразни училници.

Можеби анализите од годинава како и од изминатите десет ќе помогнат барем за идната година наместо за нова година распустот на учениците да се помести и да не се мешаат учениците во сезоната кога најмногу коси грипот.   Во моментов на инфективната клиника има 36 хоспитализирано со грип од кои еден 36 годишен пациент е на интензивна нега во живото загрозувачка состојба како последица на компликации од грипот. 

Сезонскиот грип е причина за два смртни случаи од почетокот на годинава. Вчера на инфективната клиника почина 85 годишен пациент од масивна бронхо пневмонија како компликација од грипот а минатата недела на клиниката за детски болести почина 14 годишно девојче поради компликации од грипот, уште од раѓање имала тешки хронични заболувања, а вирусот дополнително и ја влошил здравствената состојба.  

Како да сокриете дека сте прочитале порака на „WhatsApp“?

Оваа опција лесно може да се активира или деактивира.

„WhatsApp“ како и многу други апликации за допишување, има покрај секоја порака ознака со помош на кој можете да видите дали лицето со кое се допишувате ја прочитало пораката.

Еден сив штиклиран знак значи дека пораката е пратена, два дека е примена, а ако покрај пораката стојат два сини штиклирани знака, значи дека е прочитана.

Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите а лесно можете да ја исклучите. Имајте во предвид дека ако ја исклучите, и вие нема да можете да гледате дали некој ја прочитал вашата порака, како ни обратно. Ова не важи за групни четови, каде секогаш се гледа дали пораката е прочитана.

Еве како да ја активирате оваа опција:

„Whatsapp“ -> Трите точки во горниот десен агол -> „Settings“->“Accounts“ -> „Privacy“ -> И „Reid receipts“ ставете го на „off“.

По истиот пат можете и да ја вратите оваа опција.

притисни ентер