Статутарни промени во ДУИ предвидени на претстојниот Конгрес

Нови статутарни промени и програмски документи ќе има во ДУИ по четвртиот конгрес на 21 декември, за кои и денес се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица.

Според замислите на раководството, согласно статутот ќе има нови три партиски тела.

– Станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи постојани за избор во сите органи на партијата. Предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот за да биде долговечноста на ДУИ, изјави Артан Груби од раководството на ДУИ.

Сите овие документи ќе бидат дадени на ограноците, но и поширока експертска јавноста.

– Сакаме да се чујат мислења, сите добиени информации од јавната дебата, како што се забелешки од ограноци и експертската јавност да се инкорпорираат во предлог резолуции на 4-тиот конгрес,рече Груби.

На новинарските прашања за ветингот и политичката одговорност Груби посочи дека ДУИ има идеја за двостепено спроведување со соодветен закон.

-Ветингот е најдобро можно решение, ДУИ како пионер на оваа тема за правда и правдина смета дека е неопходен закон. Првостепен  ветинг е со цел да се провери интегритетот на лице со јавна функција, па доколку се утврди дека нешто не е во ред тогаш второстепен ветинг, да нема лов на вештерки туку да знаеме што правиме и што сакаме да постигнеме, рече Груби.

Прашан кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување Груби рече, дека воопшто не било разговарано околу тоа прашање.

– Останува тоа прашање да се дебатира во Собранието како и во Уставен суд. Лично сметам дека е дојдено време политиката што помалку да се меша во судството и судството што помалку да се меша во политиката и сите да си ја вршат својата работа согласно Уставот и согласно законот. Сметам дека треба да има одговорност за сите тие што згрешиле по законот, изјави Груби.

Во Собранието, посочи Груби, секако дека ќе се разговара, ќе се дебатира и на крајот ќе се гласа./МИА

Разговор со вицепремирот за економски прашања Кочо Анѓушев

Кои се очекувањата околу намалувањето на невработеноста и растот на БДП?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев гостин во вестите на Канал 5. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговара со него пред Владата.

 Во видеото погледнете го целиот разговор.

Десетина загинати и исчезнати при ерупција на вулкан во Нов Зеланд

Петмина загинати, 20 повредени и десетици исчезнати е билансот во ерупцијата на вулкан, на новозеландскиот остров Вајт Ајланд.

Две групи со најмалку 50 туристи биле во обиколка на островот, а неколкумина од нив и во самиот кратер, во моментот кога вулканот започнал да испушта лава и пепел. Според локалните власти бројката на жртви се очекува да расте.

„Ова продолжува да е ситуација која се менува во секој момент. Знаеме дека имаше туристи на и околу островот за време на еруптирање и тоа од Нов Зеланд, но и посетители од странство.  Знам дека има голема загриженост и нервоза за оние кои имаа блиски на и околу островот, но јас ги уверувам дека полицијата прави се што може“, вели Џасинда Ардерн – премиер на Нов Зеланд.

Надлежните велат дека условите, особено чадот, ја попречуваат работата на екипите за итни случаи, а во операцијата за спасување и потрага по преживеани се вклучила и војската. За апокалиптичните сцени сведочат и туристи, кои за влакно ја избегнале несреќата.

„10 минути откако со бродот го напуштивме островот, вулканот еруптираше. Со бродот се вративме за да се обидеме да ги спасиме останатите. Не знам дали успеаја сите да се спасат“, велат туристите.

Инаку, на трети декември локалните власти забележале постепено активирање на вулканот, но не издале забрана за посета на островот, бидејќи според нивните анализи не се очекувала силна ерупција.

Промовиран проектот „Ослободи го умот од корупција"

Здружението на граѓани Театар „БОЕМИ" ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.

Проектот „Ослободи го умот од корупција" ќе опфати 30 градови и ќе вклучува 70 претставници во секој град – 35 млади од средните училишта и факултети и 35 претставници на градските институции како судовите, полицијата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја.

Од Здружението „Боеми" информираат дека ќе биде напишана драма и подготвена специјална театарска претстава, ќе се сними и објави документарен филм, ќе се спроведе истражување за подигнување на свеста за корупција и заклучоците ќе бидат објавени во книга – научна студија, а сите 2.100 учесници ќе станат членови на Националното Мрежа за подигнување на свеста за корупција.

– Според извештајот на UNODC, 10,8 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 64 години биле изложени – директно или преку некој член на нивното семејство на искуство за поткуп на јавен службеник а со директно искуство за поткуп, процентот е 6,2 отсто од тие граѓани кои имаат контакт со јавната администрација и со оние кои барем еднаш плаќале мито на секои две месеци и тоа 6,4 отсто во градско и 5,8 отсто во руралните области. Поткупот во форма на пари претставува скоро половина (45 отсто) од сите форми на мито. Речиси една третина од платеното мито (32 отсто), всушност, го нудат самите граѓани, додека во скоро 50 отсто било платено како резултат на барање (https://www.unodc.org), соопштуваат од Здружението „Боеми". /МИА

притисни ентер