Две ,,пијавици” се појавија во Јадранското Море (ВИДЕО)

Во Далмација , во Каштеланскиот залив се појавија две т.н. пијавици во морето.

Нестабилното време во Хрватска донесе со себе интересни метеоролошки појави, како и денеска.

Во Далмација деновиве има големи температурни разлики, така што на планината  Динара температурата на воздухот беше 0 степени и падна снег, додека јужно од Макарска температурите беа до 20 степени Целзиусови.

Порталот Далмација денес известува дека денеска се појавиле две ,,пијавици” над Каштеланскиот залив во Јадранското море . Првата се појавила околу 10:30 часот претпладнево, а втората десетина минути подоцна.


Министрите Царовска, Филипче и Сугарески се сретнаа и одговорија на барањата на родителите на деца со попреченост

Министрите за труд и социјална политика, за здравство и за транспорт и врски, Мила Царовска, Венко Филипче и Горан Сугарески денеска во Владата на се сретнаа со претставници на родителите на деца со попреченост со кои разговараа за нивните проблеми.

Тројцата министри им најавија дека наредниот период ќе работат на законски измени и правилници со коишто ќе ги опфатат нивните иницијативи и барања, меѓу коишто се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени .

Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15%, надоместокот за скратено работно време е покачен до 50% од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост. Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги- персонална асистенција и помош во домот, се наведува во соопштението од Владата.

Падна уште едно табу во Австралија – Легализирана еутаназијата

Западна Австралија прогласи закон со кој се легализира еутаназијата, доброволен и помогнат крај на животот, со што стана единствена австралиска федерална држава, каде е решена оваа табу тема.

„Денеска покажавме дека барем во Западна Австралија можеме да направиме одлични работи“, рече премиерот на Западна Австралија Марк Мекгоуан по историското гласање.

„И во овој парламент имаме големи, сочувствителни срца и подготвени сме да го преземеме политичкиот ризик за да ја направиме вистинската работа“, додаде тој.

Во горниот дом на државниот парламент, законот за доброволно, асистирано умирање беше одобрен минатата недела, откако беа изгласани 55 амандмани на првата верзија на законот, воведен од тамошната левичарска влада.

Предлог-законот потоа се врати во Долниот дом, а амандманите беа ратификувани во вторникот по емотивна и долга дебата. Откако беше усвоен законот, членовите на парламентот разменија прегратки, додека посетителите во галеријата на парламентот го поздравија неговото усвојување.

Западна Австралија усвои закон за еутаназија по историското воведување на правото на доброволна смрт, кој беше одобрен во 2017 година во австралиската држава Викторија.

После 18 месеци спроведување, опцијата за терминално болни пациенти да го завршат животот со смртоносна комбинација на лекови во Викторија, е достапна уште од јуни.

„Ова не е време за славење“, изјави државниот секретар за здравство Роџер Кук, кој ја надгледува презентацијата на законот.

„Сите знаат за што се однесува овој закон ... Се работи за избор на сочувство и право на глас“, рече министерот.

Адеми: Интеграцијата во образованието – предуслов за мултиетничко општество

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми учествуваше на настанот за доделување признание на наставниците на средните училишта на Град Скопје, соопшти МОН.

Наставниците од средните училишта преку својата волонтерска работа, минатата година беа директно вклучени во проектот за реализација на заеднички часови меѓу учениците кои учаат на албански и македонски јазик.

Оценувајќи ја интеграцијата во образованието како многу важен фактор во напорите за градење мултиетничко општество и мулчтиетничка држава, министерот Адеми рече дека за неколку години, МОН ги поддржува училиштата и логистички и финансиски да организираат активности што промовираат соработка меѓу младите луѓе од различни етнички заедници. „Преку ваквите активности, а особено заедничките часови во редовната настава, кај учениците се губи стравот од непознатото и се намалуваат предрасудите. Тоа е основен предуслов за младите да се среќаваат почесто, да учат, да работат заедно и да креираат пријателства„ рече министерот Адеми.

При креирањето на образовните политики и практики, додаде министерот, неретко институциите се соочуваат со ситуации во коишто треба да се донесат храбри, но вистински одлуки. Токму таква, според Адеми, беше и оваа одлука, односно активност за одржување на заеднички часови во редовната настава со ученици кои учат на различни наставни јазици, којашто се направи внимателно и заедно со сите чинители, за ефектот да биде најдобар.

„Знаеме дека промените не се случуваат лесно и дека за успех потребни се мотивација, упорност и истрајност. Но, нашата иднина зависи од заложбата за позитивни промени кај сегашните и идните генерации„. Токму затоа, како што изјави министеот МОН со сите свои капачитети е фокусирана кон инвестирањето во квалитетно образование и кон негување на хармонични односи кои се темелат на почитување на сите различностите,се наведува во соопштението на Министерствтото за образование.

притисни ентер