Ѓоковиќ: Првото место е достижно , како за Рафа така и за мене

Шампионот на Австралија Опен и на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ смета дека има добри шанси да ја заврши сезоната како најдобар тенисер на светот.

По точно една година на тронот, српскиот тенисер минатиот понеделник му ја препушти позицијата број еден на Рафаел Надал, кој сега има 640 поени.

Следува последниот турнир во сезоната, финалето на АТП турнирот во Лондон, а Ѓоковиќ има шанса да победи на својот прв натпревар денеска  од 15 часот против италијанскиот тенисер  Матео Беретини.

Новак вели дека е најдобро да се избегнат пресметките. Тој сака да забележи победа до крајот на турнирот и со тоа уште еднаш да го достигне тронот.

„Првото место на списокот е извесно  и за Рафа и за мене. Овој турнир ќе одлучи кој ќе биде број еден на крајот од оваа сезона. Секако Рафа е во подобра позиција, но по триумфот на Мастерсот во Париз си дадов голема шанса. И јас сум во добра позиција “, рече Ѓоковиќ.

Новак е свесен дека младите играчи како Беретини полека влегуваат на сцена. Италијанецот блескаше на УС Опен каде стигна до полуфиналето.

"Тоа е одлична порака за нашиот спорт. Неизбежно е промената да се случи порано или подоцна и дека имаме успешна млада генерација. Роџер, Рафа и јас сме среќни што сè уште сме во топ групата, но колку време тоа ќе трае? Тоа нема да биде секогаш така “, рече Ѓоковиќ.

Матео Беретини вели дека мечот со Новак, со кого досега не играл, ќе биде одлично искуство за него.

"Никогаш не сме играле. За мене ќе биде сè ново, атмосфера, финале, Новак. Тоа ќе биде огромно искуство, одличен момент во мојата кариера. Сепак, како и претходните години, се обидувам да научам нешто. Јас ќе дадам се од себе како и претходно. Дефинитивно ќе излезам на теренот со идеја дека можам да го победам, но ќе видиме што ќе се случува “, изјави тој.

Видео: Пандев даде гол од преку 30 метри со полуволеј, па доби црвен картон

Горан Пандев ја воодушеви фудбалската јавност во Италија и Европа со маестралниот гол на натпреварот против Лече што заврши нерешено, 2-2.

Голманот на домаќините во 30-тата минута лошо расчисти една топка, па Пандев прво одлично ја исконтролира, а потоа упати полуволеј од преку 30 метри, кој беше неодбранлив.  Сепак, сенка на извонредниот потег, фрли црвениот картон што го заработи Пандев во второто полувреме, откако за неколку минути доби два жолти.

Косово се соочува со повеќегодишна суспензија од меѓународните натпревари на ФИФА и на УЕФА

Медиумите во Приштина известуваат дека на косовската фудбалска репрезентација и се заканува протерување од сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска организација размислуваат да го казнат косовскиот фудбал за обидот да го разрешат претседателот на косовската Фудбалска асоцијација, Агим Адеми и поради обидот политиката да се меша во фудбалот.

„Според некои извори, на Косово и се заканува суспензија од две до пет години, бидејќи луѓето од политичкото раководство на земјата се обидуваат директно да интервенираат и да донесат важни одлуки во Фудбалската федерација на Косово“,извести косовката телевизија РТК.

Доколку дојде до суспензијата, Македонија автоматски би се нашла во баражот за пласман на  Евро 2020 , а Косово би останало без можност да оди на турнирот преку дополнителни квалификации, но и можност да игра на Светскиот куп во Катар во 2022 година.

УЕФА и ФИФА експлицитно го забрануваат мешањето  на политиката во спортот преку нивните статути. Така, во 2014 година, Фудбалската федерација на Нигерија беше суспендирана од меѓународните натпревари поради мешање на владата во работата на федерацијата, а една година претходно истото се случи и со Камерун.

Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

притисни ентер