Ердоган : Во понеделник враќаме илјадници џихадисти во нивните матични земји

Анкара во понеделник ќе започне со враќање на странските борци на Исламска држава (ИД) кои се во турските затвори, изјави турскиот министер за внатрешни работи, откако претседателот Ердоган вчера ја најави оваа операција.

„Ви кажуваме дека ќе ви ги вратиме. Започнуваме во понеделник“,рече Сулејман Сојлу, јави државната новинска агенција Анадолу.

Турскиот министер не кажа кои земји биле опфатени со мерката.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека повеќе од 1.150 членови на ИД во моментов се наоѓаат во турските затвори.

Анкара редовно ги повикува европските земји да ги преземат своите државјани кои се бореле во ИД во Сирија, но тие не се подготвени да ги прифатат, пред се од безбедносни причини и непопуларност на таквата мерка.

Сојлу денеска изјави дека Турција ќе ги врати странските борци на ИД во нивните земји, дури и ако тие им ги одземат државјанствата.

Но, не е јасно како Турција ќе врати некого во земја на која тој веќе не е државјанин.

Турција, која долго време беше осомничена за ослободување на џихадистите преку својата граница во Сирија, се приклучи на анти-џихадистичката коалиција во 2015 година, бидејќи таа беше жртва на неколку напади на ИД.

СДСМ: Го враќаме достоинството на здравствените работници, рекордно покачување до 40 отсто на платите на лекарите

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат,  СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%"

 Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и  администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти.

Скопје, 12 ноември 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

Во Србија уапсен македонски државјанин заради кражба на документација за производство на муниција

Македонски државјанин, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, се уапсени под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што објави српската државна телевизија–РТС, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

 Според српското обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција, Воено-безбедносната агенција и МВР на Србија.

 На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

 Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција..

притисни ентер