Спасовски: Нема ризик од конкретен терористички акт во Северна Македонија

Северна Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот.

Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба.

-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека "секоја од државите треба да преземе низа мерки кои што ќе значат не само конкретна активност во делот на терористички акт, затоа што немаме таква состојба"

-Но имајќи предвид дека се наоѓаме на една исклучително важна стратешка позиција, стојат пред нас и предизвици, а еден од нив е тероризмот, изјави попладнево министерот Спасовски на прес конференцијата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, со кого го потпишаа акцискиот план.

Конкретно, акцискиот план потпишан денеска помеѓу Европската Комисија од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга, предвидува серија мерки со цел спречување на насилниот екстремизам и тероризмот. Освен зацврстувањето на домашните институционални капацитети, од двете земји се очекува, меѓу другото, да преземаат проактивни мерки на толерантност за да се спречи насилната радикализација, посебно кај младите, и ризикот тие да заминат на воени жаришта на Блискиот Исток, на пример.

Паралелно со образовните и социјалните мерки, од Северна Македонија Брисел очекува да го подобри нејзиниот капацитет во делот на размената на информации, поефикасно да се бори против перењето пари и да спречи финансирање на тероризмот.

Албанија и Северна Македонија добија посебни приоритетни области во кои се очекува од нив засилен напор.

За Северна Македонија станува збор за зацврстувањето на против-терористичките структури и стратегии, вклучително и подобра проценка на заканите. Потоа, удвојување на напорите за спречување на насилниот екстремизам "преку мултиагенциски пристап на локално ниво како и справување со предизвиците од враќањето на странските борци и нивните семејства". Трет приоритет за земјата е да етаблира национална проценка на заканата од перење пари и подобрување на врската помеѓу финансиското разузнавање и Обвинителството.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос порача дека Европската комисија е тука да ја поддржи земјата во спроведувањето на мерките и упати "итен повик" до властите во Северна Македонија "да нѐ информираат каде е потребна дополнителна поддршка", изјави тој попладнево./МИА

Мицкоски: Со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат!

,,Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев: Се уште не се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев рече дека во партијата сеуште не одлучиле кој ќе биде на чело на техничката Влада од 3. јануари.

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат. – Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер".

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

притисни ентер