Енди Мареј не можеше да го издржи зборувањето на Фоњини (ВИДЕО)

Фабио Фоњини по маратонскиот меч го победи Енди Мареј и се пласира во осмина финалето на АТП турнирот во Шангај.

Со 2: 1 , во сетови 7: 6, 2: 6 и 7: 6 Италијанецот беше подобар од поранешниот прв светски тенисер. Шкотланѓанецорт се врати во тенисот по операцијата на колкот и играше подобро последниот месец, но денеска загуби, иако поведе со 6: 5 во третиот сет.

Сепак, победата на Фоњини над Мареј ќе биде запаметена по необичната ситуација што се случи веднаш откако Шкотланѓанецот му зеде брејк на Фоњини и требаше да сервира за меч .

Играчите направија пауза меѓу двата гема, а Фабио Фоњини не престана да зборува за она што го правеше претходно за време на натпреварот. Кога стигнаа до мрежата, Шкотланѓанецот и Италијанецот влегоа во расправија, а откако седнаа, Фоњини не престана да зборува.

Мареј застана да му објасни на судијата што се случува во текот на еден момент, а Фоњини рече: „Зошто се жалите?“ , на што Мареј нервозно му врати ,,Дај затни се “  и продолжи да му објаснува на судијата.

Иако Фоњини продолжи да му дофрла на Мареј , ситуацијата сепак на крајот се смири.

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

притисни ентер