Медицинска сестра раскажала дека Шумахер е свесен

Францускиот весник Ле Паризиен објави дека Мајкл Шумахер во понеделникот стигнал со хеликоптер од Женева во болница во Париз на третман за примање матични клетки.

Германските медиуми пишуваат дека ова не е првпат славниот Германец да се лекува на оваа париска клиника. Тој пристигнувал барем двапати со хеликоптер и бил пријавен во болницата под лажно име.

Ле Парисиен денес пишува дека Шумахер бил свесен за време на овие третмани, а ги цитира и зборовите на неименуваната медицинска сестра од болницата.

„Да, јас се грижам за него  и можам да ве уверам дека е свесен“, изјавила сестрата.

Францускиот весник додава дека Шумахер го посетил шефот на Ферари, Жан Тод, кој ја напуштил болницата по 45 минути. Одговорен  за неговото лекување во париската болница е Филип Менашче, 50-годишен доктор од Германија.

Инаку ,  легендарниот возач на Формула 1, имаше страшна несреќа на 29 декември 2013 година. Мајкл и неговиот син Мик се скијаа во францускиот зимски центар  Марибел. Во еден момент, Германецот излезе од патеката и се удри од карпа .

Падна и ја удри главата на каменот, и без оглед на неговата кацига, последиците беа драматични. Информациите за реалниот живот на Мајкл Шумахер се чуваат во тајност.

Поранешниот менаџер на Шумахер: Тоа не може да биде крај!

Поранешниот менаџер на возачот на Формула 1, Мајкл Шумахер, Вилхелм „Вили“ Вебер тврди дека сопругата на Шумахер, Корин, ја крие вистината за здравјето на легендарниот возач.

На 29 декември 2013 година, во скијачка несреќа на француските Алпи , Ком де ла Саулир, Шумахер  се здоби со тешка повреда на мозокот кога паднал и удрил во карпа додека скијал по необележана патека. Лекарите рекоа дека тој скоро сигурно ќе умрел доколку не носел кацига. Поранешниот возач на Формула 1 потоа падна во индуцирана кома. Од 9 септември 2014 година, Шумахер се лекува во неговиот дом на Женевското Езеро. За него се грижат неговата сопруга и децата Џина-Мари (22) и Мик (20).

На Вебер, пријател на Шумахер и поранешен менаџер, му е забрането да го посети 50-годишниот Германец, кој тврди дека ситуацијата не е како што изгледа и дека сопругата на возачот се грижи дали „вистината“ ќе излезе на виделина.

"Знам дека е тешко за Мајкл, но не знам дали тој напредува. Би сакал да знам како му е , да се ракувам со него и да му го видам лицето. За жал, Корина не го дозволува тоа. Таа веројатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе кажам пред јавност. Силно верувам во закрепнувањето на Мајкл, бидејќи тој е борец. Ако има шанса, тој ќе ја искористи. Тоа не може да биде крај. Јас се молам за него и уверен сум дека повторно ќе го видам ", изјави Вебер во интервју во германски документарен филм.

Поранешниот менаџер на Формула 1 во Ферари, Жан Тод за радио Монте Карло во јуни годинава изјави дека Шумахер напредувал добро, но се бори со проблеми со комуницирање. Тој исто така рече дека Шумахер може да ги гледа трките во Формула 1 во неговиот дом во Швајцарија.

Шумахер не е виден во јавност од несреќата наваму.

Радост по трагедијата : Боде Милер доби близнаци

Познатиот скијач Боде Милер и неговата сопруга Морган денеска објавија дека станале родители на синови близнаци.

Морган објави фотографии од нејзините синови и напиша трогателен пост.

"Осмиот ноември. Ден што не можеше да биде посовршен за донесување на овие двајца во свет. Приказната за нивното раѓање е неверојатна и не можам да дочекам да ја споделам. Јас сум неверојатно благодарна за сите овие подароци што ми ги праќа моето девојче", напиша таа со фотографијата која што за  помалку од еден час доби скоро 14 илјади лајкови.

Девојчето што Морган го спомнува е нивната трагично почината ќерка, Емелин Гриер, која се удави во базенот во нивниот дом во Калифорнија минатата година на само 19 месечна возраст.

Втора победа на ШК АЛКАЛОИД на Европскиот Клупски Куп 2019

Во второто коло на Европскиот Клупски Куп во шах, АЛКАЛОИД извојува нова победа над екипата “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија.

Текот на мечот покажа дека нема лесни противници, па така по три часа игра резултатот во мечот беше нерешен, со три реми на прва, втора и четврта табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко. Највозбудлива партија беше на Андреикин, каде што велемајсторот од АЛКАЛОИД жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах. Потоа, со сигурна игра и победа Владислав Ковалев донесе водство за АЛКАЛОИД. Следеа цели поени за Панчевски и Инаркиев до конечни 4,5 : 1,5 во мечот.

По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 4 бода.  

Во третото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има екипата “Mednyi Vsadnik” од Санкт Петербург, Русија – минатогодишниот шампион. Мечот секако ќе биде дерби на колото, и еден од најважните мечеви за АЛКАЛОИД на целиот турнир.

притисни ентер