Германските медиуми пишуваат дека ова не е првпат славниот Германец да се лекува на оваа париска клиника. Тој пристигнувал барем двапати со хеликоптер и бил пријавен во болницата под лажно име.
Ле Парисиен денес пишува дека Шумахер бил свесен за време на овие третмани, а ги цитира и зборовите на неименуваната медицинска сестра од болницата.
„Да, јас се грижам за него и можам да ве уверам дека е свесен“, изјавила сестрата.
Францускиот весник додава дека Шумахер го посетил шефот на Ферари, Жан Тод, кој ја напуштил болницата по 45 минути. Одговорен за неговото лекување во париската болница е Филип Менашче, 50-годишен доктор од Германија.
Инаку , легендарниот возач на Формула 1, имаше страшна несреќа на 29 декември 2013 година. Мајкл и неговиот син Мик се скијаа во францускиот зимски центар Марибел. Во еден момент, Германецот излезе од патеката и се удри од карпа .
Падна и ја удри главата на каменот, и без оглед на неговата кацига, последиците беа драматични. Информациите за реалниот живот на Мајкл Шумахер се чуваат во тајност.