Променливо врме со дожд, грмежи и ветер до петок

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава.

Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер главно во западните и југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а веќе од петок ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец./МИА

Српското собрание ги усвои договорите од иницијативата „Мини Шенген" меѓу Србија и Македонија

Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација.

Српското собрание денеска го изгласа Договорот меѓу владите на Србија и Македонија за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на Договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се префрлат на електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното.

-Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација, кои се подеднакво прифатени и во двете држави, изјави министерот Мали.

Тој посочи дека онлајн услугите на една земја ќе бидат достапни во другата земја, што позитивно ќе влијае на економскиот развој на двете држави.

Српското собрание го донесе и Законот за потврда на дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги на договорот за изменување и пристапување на договорот за слободна трговија во Централна Европа.

– Значењето и основниот мотив за подобрување на меѓусебната соработка и поблиска интеграција во нашиот регион е севкупниот развој и модернизација на нашите општества, односно благосостојбата на сите наши граѓани, истакна Мали.

Во исто време, додаде Мали, Поротокол 6 од ЦЕФТА-спогодбата се однесува на либерализацијата на трговијата со услуги, со што се зголемуваат можностите за зајакнување на економската соработка во регионот на Западен Балкан./МИА.

Дебранец се обидел да силува сограѓанка

 Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување". Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Д-р Хасани: Повредените на ТОАРИЛУЦ се во многу тешка здравствена состојба

– За жал, во текот на вчерашниот ден почина 58-годишен пациент кој беше во критична состојба откако настрада во експлозијата на плинска боца во Романовце. 

 Здравствената состојба на повредените кои настрадаа во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ д-р Илир Хасани.

Посочи дека се примени тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

– За жал, во текот на вчерашниот ден почина 58-годишен пациент кој беше во критична состојба откако настрада во експлозијата на плинска боца во Романовце. Состојбата на тројцата пациенти, особено на двете жени е многу критична и тешка, меѓутоа се бориме со максимални сили за да ја стабилизираме нивната здравствена состојба, рече д-р Хасани.

Појасни дека се работи за тешки изгореници кои се инкомпатибилни по живот, се работи за повреди, изгореници кои се над 80 отсто, додека мажот има изгореници кои се 45 отсто.

– Изгорениците се предоминантна повреда која го загрозува и животот на повредените. Тројцата повредени се хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување, се интубирани и се на механичка вентилација во критична состојба, додаде д-р Хасани. 

притисни ентер