Бугарија ќе купува осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

Бугарија ќе купува осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари.

Како што објави бугарскиот весник „Новините“, новите авиони треба да ги заменат веќе дотраените авиони Миг-29, кои биле купени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во бугарија во последните 30 години. Купувањето на авионите, оружје, придружната опрема и системи ќе се изврши преку четири различни тендери.

Заменик-министерот за одбрана, Атанас Запарјанов, изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот конгрес да помогне со 60 милиони долари.

Шест авиони Ф-16 ќе бидат испорачани во 2023 година.

Општина Гевгелија бара дел од колачот на бизнисот со казината

Од колачот на казино бизнисот дел треба да добие и општина Гевгелија која треба да биде вклучена не само во финансиско искористување на компаративната предност од казино бизнисот.

 Општина Гевгелија се откажа од приходите што можеше да ги добие од рудниците,бидејќи е еко општина во која доминираат туризмот и производството на здрава храна, но тоа не значи дека не треба да остварува некаква добивка од казино бизнисот кој во општина Гевгелија е развиен поради блискоста до границата со Грција,смета гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Својот став, Поцков неодамна повторно го актуелизира затоа што смета дека на тој начин локалната самоуправа ќе може директно да влијае на локалниот економски развој кој моментно во општина Гевгелија се одвива преку туризмот и лесната индустрија, поточно текстилната,прехранбената индустрија и винарството.

-Од колачот на казино бизнисот дел треба да добие и општина Гевгелија која треба да биде вклучена не само во финансиско искористување на компаративната предност од казино бизнисот,туку и во постапката за издавање на лиценци на инвеститорите заинтересирани за отворање казина, како што е случај во Словенија, вели Поцков.

Во моментот од данокот на инсталираните слот машини се издвојуваат три отсто за потребите на здравството кое само од слот машините во гевгелиските казина годишно остварува еден милион евра.

При претресите одземени компјутери, документација, телефони, оружје,...

Од ОЈО инфирмираат дека претресите се спроведени во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови.

 Персонални компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички, оружје и муниција, како и поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела, се одземени при претресите од тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со цел обезбедување материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание".

Од ОЈО инфирмираат дека претресите се спроведени во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови.

Извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

– При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола, се вели во соопштението од ОЈО.

Со оглед на обемноста на материјалот, посочуваат од ОЈО дека записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.

Обвинителството, исто така, посочува дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот. Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија. 

Османи: ДУИ на лидерската ќе го отвори и прашањето за ветинг

Демократската унија за интеграција останува на ставот дека  Македонија има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката. 

Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по завршување на панел дискусијата „Националните перспективи на крајот на романското и во очекување на финското претседателство со Советот на ЕУ", што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.

– ДУИ ќе бара да почне да се реализира иницијативата за ветинг. Сметаме дека тоа е неопходно доколку сакаме враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, но и од страна на институциите на ЕУ и ќе бара да се исполнат сите прашања што ќе ни го отворат патот за добивање датум за почнување на преговори со Унијата, рече Османи.

Во врска со новоотворениот случај на Јавното обвинителство „рекет", Османи, говорејќи во името на партијата, рече оти ДУИ е разочаран од тоа што се случи вчера.

– ДУИ е најголем непријател на селективната правда, и доколку ги следите обраќањата на лудерот Али Ахмети ќе видите дека во секој говор селективната правда е како канцер на општеството, затоа ДУИ го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството, и кај сите носители на јавните функции, рече Османи.

Додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која било позадината, и кои биле реперкусиите, посочувајќи дека ДУИ останува на ставот дека земјава има потреба од инститиција што ќе биде фокусирана на борбата против корупцијта на високо ниво во политиката.

притисни ентер