МАЛЕШЕВСКА ТАВА

Рецепт на: Борче Лаковски. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот

Потребни состојки: 100 гр. шампињони, 100 гр. бомбици од мелено свинско месо, 200 гр. свинско месо, 50 гр. путер, 100 гр. рендан домат, 80 гр. свински врат, малку масло, 1 лажица брашно, малку сирење, буковец, зачин од сув зеленчук, магдонос, црн пипер по влус.

Постапка:

Ситните парчиња месо и бомбиците од мелено свинско месо се ставаат на скара да се печат.

Во тава со малку масло се става путерот да се растопи и се додаваат печурките малку да се пропржат.

Потоа се додаваат коцките од свински врат и се продолжува со пржењето уште 5 минути.

Се додава 1 лажица брашно за запршка.

Се зачинува со малку буковец и се додава рендан домат.

Состојките се полеваат со вода и се оставаат малку да прокрчкаат.

Парчињата месо на скара се зачинуваат со зачин од сув зеленчук и сол по вкус.

Потоа се префрлаат во тавата и заедно со состојките во тавата прокрчкуваат уште 10-тина минути.

При крај се зачинува со свеж магдонос и црн пипер по вкус.

На крај се додава рендано малешевско сирење.

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дневен хороскоп за 26. април 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 26. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија.

Кариера

Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба.

Здравје

Не се напрегајте толку многу .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално.

Здравје

Може да ве прогласат за генијалец на денот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став.

Кариера

Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог.

Здравје

Слушајте го својот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво.

Кариера

Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро.

Здравје

Немојте да бидете практични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални.

Кариера

Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата.

Здравје

Силни сте и здрави.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности.

Кариера

Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа.

Здравје

Уживајте во спортот или во уметноста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати.

Здравје

Денеска знаете што сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола.

Кариера

Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа.

Здравје

Ќе водите војна со апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво.

Кариера

Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи.

Здравје

Помогнете му на член од семејството.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете.

Кариера

Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно.

Здравје

Трпение, спасение.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја.

Кариера

Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри.

Здравје

Не истражувајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството.

Кариера

На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување .

Здравје

Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте.

притисни ентер