Царовска: Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Министерката Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален ризик од среда да се пријавуваат во центрите за социјални работи за да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа.

Исплатата на социјалните права според новите закони почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300%.

Повикот се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.

„Среќна сум што ја стартуваме социјалната реформа со која на околу 30 илјади домаќинства им помагаме да излезат од сиромаштија. Ги унапредуваме правата на лицата со попречености и нивните семејства и работиме на намлување на детската сиромаштија со поправедна распределба на средствата. Со оваа реформа го целосно го преобразуваме општетсвото, гарантираме достоинствен живот за најранливите и активација на пазар на труд на работоспособните. Нашата крајна цел е секој од нив да најде работа, бидејќи само со вработување се излегува од сиромаштија“, изјави министерката Царовска.

Министерката истакна дека со социјалната реформа четири члено семејство со две школски деца ќе земаат месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најечесто земаше социјална помош од околу 3.000 денари.

„Секое дете ни е важно и заслужува еднаков старт во животот. Со социјалната реформа, односно со законот за детска заштита правото на користење на детскиот и обраовниот додаток го проширивме и на семејствата со минимални месечни примања. Со тоа, за 20 пати се зголемува бројот на деца кои може да ги примаат овие надоместоци“, рече Царовска.

Со реформата за прв пат во државата се воведува социјална сигурност за стари лица. Месечниот надоместок иснесува 6.000 денари, и се очеува да го користат околу 6.000 лица кои не оствариле право на старосна пензија.

За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за социјална мерка, а не на право поврзано со пензискиот систем.

За лицата со попреченост и за нивните семејства со реформата се развиваат неколку нови услуги. Една од нив е одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за лица со попреченост. Новина во законот е тоа што правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост - Лична асистенција и услугата Домашна нега.

Фактот што социјалната реформа се подготвуваше во широка консултација со сите засегнати страни и експерти и поддршката на истата од пратениците коишто ја изгласаа е доказ дека оваа Влада се грижи за секој граѓанин и создава услови за достоинствен живот во општетсвото.

Родители од пеколот: До смрт ги претепале своите едномесечни близначки, имале скршеници

Анџелина Белинда Калдерон и Фернандо Вега, двајцата на 21 години, од Хјустон, Тексас, се обвинети дека до смрт ги претепале своите едномесечни близначки.

Полицијата открила дека бебињата претрпеле повеќе модринки и скршеници за кои медицинските експерти претпоставувале дека биле предизвикани од серија трауми од тапа сила.

Една недела по ужасниот настан, мајката на близнаците отворила страница GoFundMe за да собере пари за погребите на девојчињата. Меѓутоа, полицијата тогаш открила дека таа и таткото на девојчињата се одговорни за смртта на новороденчињата.

Полицијата во Хјустон пристигнала во дом во близина на Линден Крик Лејн на југоисточната страна на градот веднаш по 11 часот на 4 октомври 2023 година, по повик 911. Кога влегле, откриле дека Масаил и Мирена Вега трагично починале.

Според судските документи, Вега на полицијата ѝ рекол дека откако ја однел на работа неговата сопруга, мајка на близнаците, ги нашол бебињата во креветчињата како не дишат. Тој тврдел дека ја оставил баба му да се грижи за нив додека тој бил отсутен.

Таткото ѝ рекол на полицијата дека тој и уште еден член на семејството се обиделе да ги оживеат бебињата, но не успеале. Извештајот од обдукцијата покажал дека двете бебиња биле покриени со модринки.

Д-р Хесус Рико, патолог од Институтот за судска медицина во округот Харис, рече дека првото дете имало неколку повреди, вклучувајќи дехидрација и контузии на различни делови од телото, како и скршеници што укажуваат на претходно злоставување. Тој ги известил надлежните дека овие повреди се нанесени намерно, а не случајно, пренесува Дејли Меил.

Другата близначка, исто така, имала модринки по телото, како и гребнатинки и скршеници, за кои се верува дека се во согласност со физичко малтретирање.

Лекарот нагласил дека овие повреди не се случајни и дека настанале во неколку инциденти. Наводно, имало три различни настани.

Двете близначки биле неухранети, при што едното покажало акутно мозочно крварење, додека другото претрпело крварење во мозокот и 'рбетниот мозок, што укажувало на неодамнешна траума. Патологот објаснил дека овие повреди може да се предизвикани од секундарна или директна траума со тап предмет.

Мајката и таткото моментално се во притвор.

Педофилот кој беше изрешетан од полицијата во Сиетл, бил воен лекар (Вознемирувачко видео)

Лицето кое беше брутално изрешетано од полицијата минатата недела во хотел во Сиетл за време на антипедофилска операција, е идентификувано како пензионираниот армиски лекар Брус Ковал Менели.

Менели е убиен околу 15 часот на 17 април во хотелот „ДаблТри“ од страна на полицијата, пренесува Фокс 13.

Видеото снимено од боди кам, објавено од полицијата минатата недела, покажа операција за апсење на 67-годишната Менели, кој бил осомничена за сексуални злосторства врз деца.

Полицајците излегле од хотелската соба за да му пријдат и, според камерата, тој извадил пиштол од јакната.

Сите тројца полицајци пукале кон него и испукале околу 30 куршуми.

Според медицинските податоци, Менели починал од „повеќе прострелни рани“.

Менели бил капетан на морнарицата и лекар кој служел во заливот Гвантанамо и зборувал за Њујорк Тајмс во 2016 година за злоупотребата на пациентите во далечинскиот центар за притвор. Тој исто така бил командант на мултинационалната медицинска единица на НАТО Role 3 во Авганистан.

Менели ја напуштил функцијата во Гвантанамо во 2009 година, а потоа и во НАТО во 2012 година.

Според властите, Менели бил под истрага за наводно извршување на интернет злосторства врз деца.

Според началникот на полицијата Адријан Дијаз, осомничениот се среќавал со две девојчиња, на возраст од 7 и 11 години.

Еден полицаец бил ранет во ногата, но куршумот само го огребал. Повредите му биле полесни и не бил пренесен во болница. Други повреди немало.

Според кривичната пријава видена од FOX 13, Менели е обвинет за сексуални злосторства во 2017 година, кога бил уапсен за време на рација за трговија со луѓе/проституција во Бремертон. Детективите се претставувале како сексуални работници на интернет и договориле средба со Менели, но тој всушност бил пречекан од неколку заменици на шерифот на округот Кицап. Бројот на Менелиус бил поврзан со две одделни операции на проституција.

Во документите од 2017 година се наведува дека Менели за време на интервјуто со детективите признал дека бил уапсен за сличен прекршок во Тексас неколку години претходно. Потоа бил испратен на општествено корисна работа.

Незапаметени поплави во Кенија- најмалку 30 загинати (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати, како последица на катастрофалните поплави што ја погодија Кенија.

Како што јави Си-Ен-Ен, речиси половина од земјата е потопена, додека повеќе од 100.000 луѓе се загрозени.

Обилните дождови започнале во средината на март, но поројните дождови се интензивирале во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирале во речиси 200 спасувачки операции. Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден со поројни врнежи.

- Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. Окружната влада, и покрај нејзините најдобри напори, беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи - напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасиле 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа силно пренатрупани во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

– Сообраќајната полиција и нашиот технички тим се на терен за насочување на сообраќајот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, соопштија надлежните.

Кениските железници ги суспендираа приградските возови низ целата земја. Истовремено, метеоролозите најавија нови врнежи во поголем дел од земјава.

притисни ентер