Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019"

Со изведба на четири монодрами во Центарот за култура, денеска продолжува Интернационалниот фестивал „Битола 2019".

Според програмата, натпреварувачкиот дел ќе го отвори актерот од Молдавија Лазар Јана, кој во 18 часот ќе ја одигра монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан" чиј автор Зиновиј Сагалов, а режисер Марија Паљмицкаја. Веднаш потоа на сцената ќе настапи актерот од Театар Монплезир во Санкт Петербург, Игор Ларин кој ќе ја изведе монодрамата „Забелешки на покојникот" од Михаил Булгаков.

Во вечерната програма ќе бидат изведени и монодрамите на актери од Црна Гора и Монголија. Слободан Маруновиќ ќе ја изведе монодрамата „Последниот час на Његош", а Бајасгалан Церендор ќе ја одигра „Јас сум Едит Пјаф".

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019" завршува утревечер со доделување на наградите за кои одлучува меѓународно стручно жири предводено од Ментор Зумберај, театарски режисер од Косово. /МИА

Трамп испраќа 1 500 војници на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека на Блискиот исток , главно како мерка за претпазливост поради напнатоста со Иран, ќе прати 1500 војници.

,,Сакаме да имаме некаква заштита на Блискиот исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел за заштита.” , изјави Трамп пред да отпатува во Јапонија.  

Според американските медиуми , контингентот има за цел да ја засили одбрамбената способност на американските сили во региониот , а меѓу нив има и инженери.

На почетокот на овој месец САД во овој регион распоредија неколку носачи на авиони , како и бомбардери и ракетни проектили Патриот , како можен одговор на нападот на Иран.

Во Пустец одбележан Денот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во Општина Пустец, Албанија.

Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

-Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставината на Ѓорѓи Стојчевски, информираа од Општина Пустец.

Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжување на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во Република Албанија, посочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа".

Во сите училишта во Општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

По повод Денот на сесловенските просветители, честитка до Македонците во Албанија, во матичната земја каде и да се во светот упати Општина Пустец, македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана.

Трагедија во Британија - Две деца убиени, четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)

Две момчиња на возраст од 13 и 14 години се починати ,а нивните четири братчиња и сестрички, од кои најмалото има седум месеци се однесени во болница.

Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.

Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.

Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.

притисни ентер