Папата Франциск: Ослободете се од зависноста од мобилните телефони

Ослободете се од зависноста од мобилните телефони, нагласи папата Франциск  во говор пред група италијански тинејџери во средното училиште Висконти во центарот на Рим.

Папата рекол дека се согласува оти мобилните, како технолошки напредок, се одлична помош во секојдневието, и дека треба да се користат во позитивни цели и умерено.

– Оти, кога еднаш ќе станете слуга на својот мобилен телефон, ја губите слободата – истакна поглаварот на римокатоличката црква.

Натаму, тој ги повика младите „да не се плашат од тишината и самотијата“.

– Не секогаш секако, оти тоа не е многу добро за луѓето, но повремено човек треба да најде време само за себе – нагласи папата.

Хозе „Пепе“ Мухика – пример за претседател за кој Уругвај се уште жали

Обама, Путин, Макрон..... Веројатно нема рецепт за совршен претседател, но очигледно има лидери, кои и по крајот на мандатот, остануваат врежани во колективната меморија кај својот народ.

 Таков е примерот со екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика, кого го красеше епитетот  најсиромашен лидер на светот..

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Традиционално во државава, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово" во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.

– Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзиното божество, а најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја.

Каде што нема Бога не може да биде ни човек. Човек кој нема вера, дури и не целосна, мора да има отвореност кон оној свет со кој Бог ни излегува во пресрет. А тој свет е ново подрачје на кое сме повикани токму преку воскресението на Исус Христос. Да дозволиме тогаш Божјата сила да ни го отстрани каменот од вратата на нашите срца и нашата совест и да не осветли Христовата светлина што нѐ менува одвнатре да не лебдиме во воздухот како бесцелни  суштества, туку да одиме по оваа земја како луѓе што Бог ги создал да живеат овде во љубов и вечно блаженство.

Во очекување сме на доаѓањето на Светиот Отец, папата Фрањо, на нашата татковина. Очекуваме дека оваа пасторална посета на светиот Отец е токму чин кога од гробот на нашето чувство помалку вредни и немоќни се отстранува „големиот камен". Ако е некој повикан, тогаш тоа е папата со својот апостолски авторитет и Христова љубов да му покаже и порача на светот за вредноста и валидноста на нашиот народ и нашата земја. Во тие мисли и силна молитва: нека Воскреснатиот Христос ни ги осветли патеките на животот во нашите срца, семејства, во општеството секогаш да чекориме како синови на светлината, а не на темнината. Христос Воскресе!, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов. 

Пикник – промоција на „Здраво Скопје"

 Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". 

Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.

„Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува. 

притисни ентер