Кој е јазикот на кој зборуваат Македонците во Грција?

Зборуваме македонски јазик и со различни македонски дијалекти, зашто македонскиот во Грција никогаш не беше кодифициран, вели лидерот на партијата на Македонците во Грција, Павле Васкопулос за Канал 5.

Зборуваме македонски јазик и со различни македонски дијалекти, зашто македонскиот во Грција никогаш не беше кодифициран, вели лидерот на партијата на Македонците во Грција, Павле Васкопулос за Канал 5, по изјавата на министерот Димитров, која во дел од јавноста беше протолкувана дека јазикот во земјава не е ист со оној на македонското малцинство во Северна Грција.

Васкопулос смета дека изјавата на Димитров, кој во меѓувреме, ја дообјасни својата изјава, сепак била дадена со внимателно одбран вокабулар, согласно Преспанскиот Договор, во делот дека земјава не смее да се меша во внатрешните работи на соседот.

-Кога Димитров зборува со грчки колеги тој мора да размислува како мисли еден просечен Грк, вели Воскопулос.

За новинарот Бранко Геровски, пак, изјавата на Димитров била непотребна, со која и самиот министер за нашол во дипломатски офсајд. Тој смета дека колку и да првичната изјава била ненамерна или несмасна, тој морал да внимава на термините во етнокултурна смисла како во случајот со Грчки Македонец. Геровски вели дека таква формулација не треба да има, исто како што не може да има ниту бугарски, ниту албански Македонец за да не се доведеме во ситуација да се самонегираме.  

-Мора да се внимава особено во овој период. Преспанскиот договор од нас не бара ниту да се негираме, ниту да се идентификуваме. Македонскиот јазик не смее да биде табу, вели Бранко Геровски, новинар 

Димитров пред два дена објасни дека македонскиот јазик за кој зборувал со грчката колешка Анагностопулу не го поистоветил со оној на македонското малцинство во Грција, туку со оној етничките Грци. 

Тој објасни дека согласно членот 7 суштината на Договорот е прифаќање на различното разбирање на термините Македонија и македонски, кои за нас значат едно, а за Грција друго. Вчера и владиниот портпарол Бошњаковски избегна да го спомене македонскиот јазик. Прашан каков јазик зборуваат Македонците во Егејска Македонија, тој рече дека дека тие зборуваат јазик поинаков од грчкиот, но оти Владата не е таа што треба да детерминира кој каков јазик зборува.

Трамп: Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјално негов крај

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да не им се заканува на САД ако не сака да биде уништен .

„Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјален крај на Иран, никогаш не им се заканувајте на САД”, напиша Трамп на Твитер.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон ескалираа откако Иран откри дека нема да   исполни некои од своите обврски за нуклеарен договор со меѓународните медијатори. Претходно  Трамп го обвини Иран дека го прекршил договорот, а Соединетите Држави излегуваат од него, бидејќи прекршувањата го прават ирационално.

Техеран им даде на пет  земји од групата “5 + 1” 60 дена рок , за да ги заштитат нафтениот и банкарскиот сектор на Иран од санкциите наметнати од САД.

ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија ги отфрлија барањата, додека Трамп објави воведувањето нови санкции против иранската страна.

Соединетите Американски Држави го испратија носачот на авиони Абрахам Линколн и група на тактички бомбардери во Заливот.

Виенски економски форум – нови перспективи за Република Северна Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија".

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија,  ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. /МИА.

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил излета во Куба

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил Олдтајмер излета од познатиот булевар Малекон, во Хавана и влета во пешаци, соопштија кубанските власти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност.

Се наведува дека меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција Пренса Латина.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

притисни ентер