Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота

Министерството за надворешни работи на Грција, попладнево ја испрати Вербалната нота до македонското МНР, потврдуваат грчки дипломатски извори.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во неделата, во интервјуто за АНА-МПА најави дека Нотата ќе биде испратена во понеделник, но откако тоа не се случи вчера, како што претходно објави МИА, грчки извори претпладнево брифираа дека Атина во текот на денешниот ден, до вечер, ќе го извести Скопје дека ги заврши обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно дека ги ратификуваше и договорот и Протоколот за членство во НАТО. /MИА

МАТТО му порача на Мицковски: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата

Мицковски дојде во МАТТО придружуван од партиски претставници за да ја претстави предизборната економска програма, но и за да ги слушне предлозите на компаниите.

Јавниот дијалог да добие нов модел – не ние да бидеме водени од политиката, туку политиката да биде водена од економијата, приватниот сектор и граѓаните, рече претседателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Ајдован напомена дека благосостојбата на земјата е заедничка, но биснис заедницата и политиката досега главно немаа заеднички патишта.

-Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата кој е реален и објективен. Ние, претприемачите, даночните обврзници, треба со нашето работење да го изнесеме економскиот раст, но и развој. Верувам дека и партиите соодветно ќе се трансформираат како и ние и дека ќе работиме синхронизирано, истакна Адемовски.

Мицковски дојде во МАТТО придружуван од партиски претставници за да ја претстави предизборната економска програма, но и за да ги слушне предлозите на компаниите.

-Нашата заложба е односите на идната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со сите стопански комори, вклучувајќи ја и МАТТО, да се интензивираат. Зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на вложувачи од Турција и за два до три пати повеќе вработени во МАТТО, изјави Мицковски.

Рече и дека од она што ќе го слупнат на средбата, очекува да биде имплементирано во партиската економска програма.

Компаниите – членки на МАТТО имаат инвестирано повеќе од две милијарди евра во земјава, а вработуваат преку 10.000 лица.

МАТТО досега имаше средби со економскиот тим на СДСМ, предводен од лидерот на партијата Зоран Заев, со труските партии, како и со Алтернатива. /МИА

СДСМ: За само 2.5 години ја стабилизираше економијата и обезбеди раст кој овозможи унапредување на животниот стандард

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за само 2.5 години ја стабилизираше економијата и обезбеди раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Преку креативни политики, реални и развојни реформи покажавме дека имаме визија и знаеме како од Република С. Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.

Овозможивме отворање на 60.000 нови работни места и обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти.

Ова е најниска стапка на невработеност досега.

Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Се покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и  99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме  отворање  на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари. Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ  секој граѓанин е важен!

На прав пат сме!

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Прв случај на коронавирус потврден во Хрватска

Прв случај на коронавирус потврден е во Хрватска.

Станува збор за млад човек, кој се наоѓа во Клиниката за инфективни болести во Загреб, потврди премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ навел дека човекот е во добра состојба.

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош истакна дека заразениот е повратник од Италија каде прстојувал од 19 до 21 февруари.

„Покажува благи знаци на болеста и се надеваме дека така и ќе остане. Ќе се концентрираме на контактите кои ги остварил откако се вратил во Хрватска. Не очекуваме компликации“, истакна Вили Берош.

притисни ентер