Британија и Бугарија со заедничка истрага за труењето со нервен отров

Бугарија ја истражува поврзаноста на труењето на шпионот Скрипал со нервен отров со труењето на трговец со оружје во Софија.

Бугарскиот државен секретар Сотир Цацаров изјави денеска дека Сергеј Федотов , осомничен за труењето на рускиот двоен шпион Сергеј Скрипал со нервен гас во Британија , три пати ја посетил Бугарија во 2015 .

Една од посетите на Федотов се поклопува со труењето на бугарскиот трговец со оружје , Емилијан Гебрев во април 2015. Лани во октомври дел од руските медиуми објавија дека Федотов е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ и третоосомничен за труењето на Скрипал во Британија.

Како што изјави денеска Цацаров , бугарските истражители собрале важни докази за престојот на Федотов во Софија во врска со истрагата за труењето на трговецот со оружје.

Москва ги отфрла наводите за каква било поврзаност со труењето на Скрипал , или на Гебрев или за нивна поврзаност со Федотов.

Британската амбасадорка во Софија , Ема Томсон денеска изјави дека Британија продолжува со блиската соработка со Бугарија.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер