Видео: Жена возач на автобус спаси бебе додека талкаше на улица

Возач на автобус спаси едногодишно дете во Милвоки кое босоного, по студено време одеше покрај улица.

Бебето старо 19 месеци, облечено во тенка облека, го забележала Ирена Ивиќ, Србинка по потекло, која го управувала градскиот автобус.

 Таа веднаш застанала и истрчала да го земе детето, кое незабележително излегло од дома.

 По преземањето, социјалните служби го сместиле во прифатен центар, а потоа го споиле со неговиот татко, откако наводно било утврдено дека мајката имала психички проблеми.

 Градските власти во одржале и прес конференција за да и оддадат признание на Ивиќ.

 Таа по тој повод само кусо се заблагодарила и рекла дека се нашла на право место во вистинско време, пренесува српскиот весник Блиц.

Стартуваше „Недела на роботика" на ФЕИТ

„Робомак" станува еден од најпрепознатливите знаци на нашиот факултет.

По повод десет години од организирање на манифестацијата „Робомак" и 60 години од постоење на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денеска се одржа свечено отворање на „Робомак 2019" во организација на факултетот. Годинава, факултетот организира „Недела на роботика" во чии рамки ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите- учениците од основните училишта, средношколците и студентите.

– „Робомак" станува еден од најпрепознатливите знаци на нашиот факултет. Годинава настанот ќе го организираме во Домот на АРМ. Празнување на манифестацијата го поделивме во цела недела така што оваа недела ја нарековме „Недела на робоматиката". Во рамките на неделава вклучуваме различни категории на учесници. Ќе заппочнеме со најмалите, ученици од основните училишта и за прв пат оваа година ќе бидат организирани предавања на кои ќе присуствуваат учениците од основните училишта, појасни професорка Соња Геговска-Зајкова, продекан на наставата на ФЕИТ.

Таа додаде дека во натпреварувачкиот дел покрај студентите, оваа година се вклучени и учениците од средните училишта, а вкупно ќе бидат вклучени 40 ученици од 20 средни училишта во државата.

– Најпрвин ќе посетуваат предавања, ќе учат за тоа на кој начин работат машините, да донесуваат одлуки и да се натпреваруваат во програмирање и управување со роботи. Финалето за средношколци ќе биде во петок, а најдобрите ќе присуствуваат и во натпреварувачкиот дел на главниот „Робомак", односно натпреварот во кој учесници ќе бидат студентите од нашиот факултет, но исто така и гостите од Република Србија. Нашите натпреварувачи ќе се натпреваруваат во шест различни категории, во дел од категориите ќе имаме програмирање и управување на роботите и натпреварот ќе го завршиме во сабота со големото финале, додаде професорката.

Професорот Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, објасни дека да се говори за роботи, да се создаваат машини со вештачка интелигенција, да се работи на машини што размислуваат веќе не е новост ниту на нашите академски граѓани и дека целта на академската заедница е да прифаќа и создава нова реалност, да се прилагодува и создава алатки за олеснување на животот.

– Можеби токму нешто што вие денеска овде го замислувате и иновирате ќе биде она што ќе го отвори најголемиот број работни места во иднината. Гледате многу примери за тоа како ентузијасти токму од факултети станаа едни од најголемите светски познати билионери и сопственици на најголемите ИКТ компании. Делот на роботиката особено е важен, не само на техничко и на научно ниво, но и на политичко ниво, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, обраќајќи им се на студентите.

Посочи дека во моментов главниот фокус на разговорите е вештачката интелигенција и смета дека е добро што постои голема свесност и интерес кај младите.

-Овие работни места и струки се најбарани а има најголем недостаток на работна сила и кај нас, но и секаде во светот. Од друга страна обезбедуваат највисоки просечни плати во државата. Насочувањето на младите кон овие науки и технологии ни обезбедува да се обидеме да ве задржиме овде, рече Манчевски. 

Негативни резултати од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки, нема нов случај со МРСА

 Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата МРСА. Деновиве нема ниту еден нов случај со бактеријата МРСА.

Ова денеска го изјави епидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје Скопје, кој во врска со тоа дека минатата недела кај ученик од Зелениково е потврдена бактеријата, рече дека бактеријата може да ја има во секое училиште и секаде на друго место, дека станува збор за колонизација на бактерии во овој случај тоа е МРСА.

– Нема потреба од никаква реакција во смисла да се земаат антибиотици. Бактеријата МРСА е опасна во болнички услови. Ние не живееме во стерилна средина, ние сме цело време изложени на некакви инфекции. Немаме болно дете, се реагира кога има температура, инфекција, изразена со клинички знаци… Ова е нормална ситуација во општеството, така што немаше потреба од посебни мерки, рече д-р Стојанов.

Посочи дека Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство одлучила дека не може на секое јавување од директори или од професори од училиштето каде ќе се најде некоја таква бактерија, веднаш да се оди во Центар за јавно здравје за да се земат брисеви за цело училиште, да се дезинфицира итн.

– Комисијата одлучи дека ќе се направи едно кратко упатство во случај кога во Центарот за јавно здравје доаѓаат родители со упати од матичен лекар за да им се земат контролни брисеви на нивните деца. Ќе бидат известени матичните лекари дека кај вакви случаи кога нема клинички знаци за инфекција, а тоа го викаме колонизација на бактерии на одредено место во телото, нема потреба да им издаваат упати на родителите за нивните деца и да ги препраќаат за брисеви во центрите за јавно здравје, дека не треба да се препишуваат антибиотиците, бидејќи се повеќе се зголемува резистенцијата кога се даваат без потреба. Нема потреба од паника, рече д-р Стојанов.

Фото: Ченинг Тејтум и Џеси Џеј веќе не се кријат!!

Холивудскиот актер Ченинг Тејтум прв пат во јавноста е виден со својата нова девојка, светската музичка ѕвезда Џеси Џеј во нејзиниот роден град Лондон.

Заљубената двојка  е „фатена“ на прошетка низ Лондон со насмевки на лицето  како се држи за раце.

Врската на Ченинг и Џеси е откриена минатата есен откако актерот се развел од својата екс сопруга , актерката Џена Деван.

Нивниот брак траел цели девет години, а Ченинг и Џена веста за својот развод тогаш ја потврдија на Инстаграм.

притисни ентер