Каракачанов: Македонците да се освестат и да станат нормален народ

Не сакам да бидам запаметен како глупак во историјата кој што тргнал со добра намера да помогне на еден народ, но од македонска страна имаат обичај да тресат.

Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари ,, изјави Красимир Каракачанов министерот за одбрана и вицепремиер на Бугарија во неделна емисија на бугарското национално радио пренесуваат бугарските медиум .

Тој за напишаниот статус со кој вчера му се се обраќа на премиерот Заев да не ја злоупотребува темата со македонскиот јазик и дека тоа ќе го чини ЕУ и НАТО вели дека реагирал не само како претседател на ВМРО туку и како човек кој активно работел да се случи договорот меѓу Македонија и Бугарија. Според него Македонија треба да ја коригира својата политика и во однос на историјата која според него е фалшлива , а и тоа што се учи во училиштата за Каракачанов е со антибуграски дух .

Тој вчера меѓу другото реагираше и за новото име согласно Преспанскиот договор.

,,Северна Македонија е географско именување што вклучува и територии од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов.

Вчера македонското министерство за надворешни работи за канал 5 испрати реакција за ставовите на Каракачанов кое го пренесоа бугарските медиуми.

Изјавата е извонредна прилика за сличен контра - одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателства .Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот, се вели во соопштението на МНР.

Поранешниот амбасадор во Виена и Берлин ,Ѓорѓи Филипов вели дека изјавата на Каракачанов има за цел да ја зајакне неговата позиција и позицијата на партијата што ја предводи .Тој смета дека ова нема да наштети на македонската позиција

„ Вакви и слични коментари како она со поранешниот министер на Грција ќе има и понатаму и тоа не треба да биде закана за имплементацијата на првиот и вториот договор и со Бугарија и со Грција“ – изјави поранешниот амбасадор во Виена и Берлин ,Ѓорѓи Филипов.

Изјавата на Заев околу македонскиот јазик и негово изучување во Грција претходно предизвика реакции и во Грција, при што поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, рече дека да бил сè уште министер „ќе го потегнел за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц“.

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

притисни ентер