Кире Лазаров останува во Нант до 2021

Најдобриот македонски ракометар и капитен на нашата репрезентација , Кире Лазаров ќе настапува во тимот на француски Нант до 2021 година.

Лазаров доби продолжение на договорот со Нант за уште две сезони , односно до јуни 2021 година. До крајот на оваа сезона му истекуваше договорот на Кире , така што Нант реши да го задржи уште две сезони својот најдобар стрелец.

„Работата беше лесно завршена бидејќи желбата беше иста на двете страни. Кирил е еден од најдобрите играчи во светот и го покажа тоа и по неговото пристигнување во Нант. Оваа година тој има доминантна улога во резултатите на тимот. Затоа сакаме да ја продолжиме соработката. За клубот претставува големо задоволство што имаме играч од ваков калибар во нашите редови“ – изјави претседателот на Нант, Гаел Пелетие.

Задоволен од продолжувањето на соработката е и Кире Лазаров кој и на 38-годишна возраст.

„Среќен сум што соработката со Нант ќе продолжи и во наредните две годиниу. Дојдов во Нант бидејќи знаев дека тоа е тим што игра со карактер. Не беше лесно кога дојдов, дојдов со големи амбиции, но не зборував француски. За една година ситуацијата се смени многу. Сега во Нант се чувствувам многу добро, ми се допаѓа клубот и ги сакам неговите навивачи. Играњето овде пред полна сала е вистинска привилегија. Јас сум лојален човек и сакам да му возвртам на клубот за довербата што ми ја даде раководството“ – изјави Кире Лазаров за официјалниот сајт на клубот.

Пресврт во ,,случајот Икарди” – доби понуда што не се одбива

Мауро Икарди минатата недела остана без капитенската трака во Интер , најверојатно поради трансфер во Јувентус.

Меѓутоа заминувањето на Аргентинецот во Торино нема да се случи. Претседателот на Интер, Стивен Жанг, тврди дека нема никаква шанса Икарди да замине во тимот на најголемиот конкурент.

,, Во фудбалот не можете никогаш да кажете дека нема да работите со Јувентус , но во овој конкретен случај нема шанси Икарди да замине во Јувњентус” , изјави Жанг по состанокот на управата на Интер.

Вели дека целта на клубот е да го задржи својот најдобар играч. Италијанските медиуми јавуваат дека Интер му понудил на Икарди рекордна сума за договор до 2024 година.

Му нудат 7 милиони евра , што е за 2,5 милиони повеќе отколку сегашниот договор. Има само еден услов – нема оштетна клаузула за да не може Икарди да избега од клубот во случај на незадоволство.

Спортски новинар на само неколку сантиметри до сигурна смрт (ВИДЕО)

Спортскиот новинар Пјер Мекгвајер од телевизиската мрежа НБЦ , денеска го слави новиот роденден , откако за само неколку сантиметри остана жив.

Пренесувајќи хокераски натпревар , пакот со огромна брзина помина на само неколку сантиметри пред неговата глава и удри во плексигласот . Плочката со која се игра хокет тежи само 170 грама , но лета со брзина од 170 км/час.

Се смета дека нема никакви шанси да се преживее удар со пак , зашто брзината при ударот е како куршум испален од пиштол .

Последниот несреќен случај е забележан во 2002 , кога од удар со пак загина 14 годишно девојче , кое по два дена требало да го прослави роденденот на хокејашки натпревар во Колумбус , Охајо. Британи Никол Сесил навивала на трибините , кога ја погодил пакот , по што останала на место мртва.

Од тогаш е сменета регулативата и се поставуваат задолжителни високи огради околу хокеашките терени во САД.

Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот (ВИДЕО)

Првиот рекет во светот , Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист минатата година , на свеченоста во Монте Карло.

Ѓоковиќ пред малку ја доби наградата Лауреус , која важи за спортски Оскар. Ова му е четврта ваква награда во кариерата , доделена за најдобри спортски резултати во 2018.

Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ , Ле Брон Џејмс , Луис Хамилтон , Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

притисни ентер