Изгоре домот на Џерард Батлер

Катастрофалните пожари во Малибу целосно ги уништија домовите на многу луѓе, меѓу кои и на многу познати личности.

Тука имотите се навистина со високи цени и токму сега секој што има дом во Малибу има сериозна причина за загриженост.

Доказ за тоа е селфито на Џерард Батлер направено од неговиот дом или барем она што останало од него.

„По евакуацијата се вратив дома. Многу луѓе сега имаат скршени срца во Калифорнија“, напиша тој.

Но, наместо да се пожали, тој ја користи можноста да ги пофали пожарникарите за нивната „храброст, саможртва и дух“.

 Над 3.000 пожарникари се испратени таму за да се борат против огнената стихија.

Жерард Батлер не е единствената славна личност што го изгуби својот дом во беснеењето пожарите.

Пејачот Робин Тик и риалити рок-ѕвездата Камил Гремер, исто така, ги изгубија своите куќи.

Меѓу ѕвездите кои беа принудно евакуирани од областа се Лејди Гага, семејството на Пирс Броснан, кланот Кардашијан, Шер, Вил Смит, Орландо Блум и многу други.

Најмалку 23 лица загинаа поради пожарите во северна Калифорнија.

На југ, илјадници домови сезагрозени, а целата област на Малибу е исто така под закана.

Фото: Навивачите на ФК Осиек слушајќи рок енд рол за три часа го исчистиле снегот од теренот

Снегот одложи неколку натпревари во фудбалскиот шампионат на Хрватска.

Во 18 коло на Првата Хрватска лига беа одложени неколку средби поради терени покриени со снег. Проблемот ќе траеше уште долго ако не се вклучеа навивачите.

Натпреварот Осиек – Запрешиќ требаше да се одигра вчера  но поради снег на теренот тој е одложен за денеска.

Со снег и денеска беше покриен целиот терен на фудбалскиот стадион во Осиек, но група на навивачи за среќа пристигнаа во вистинско време за да помогнат.

Клубот  претходно побарал помош од своите навивачи откако сфатил дека тешко ќе се справи со снегот.

Акцијата започнала утрово , а навивачите со рок енд рол песни за околу три часа го исчистиле целиот терен од снег.

Натпреварот сега може да стартува во најавениот термин. 

Видео: Големо откритие во Египет

Египет објави дека е откриена гробница на висок претставник од Петтата династија, чии фараони владееле пред околу 4400 години.

Министерот з антиквитети на Египет, Халад ал Анани откритието го објавил на местото на гробницата, во Сакара, каде се наоѓа и славната Степенаста пирамида.

Според неговите зборови во „исклучително добро сочуваната гробница“ имало бројни статуи со различни големини и бои.

Египет во последните неколку години многу работи на промоција на своите стари и нови археолошки наоѓалишта во странските медиуми и дипломатија со што сака да привлече поголем број на туристи од целиот свет.

Градоначалниците ќе играат фудбал против министрите

 Во спортскиот центар „Јане Сандански" денеска ќе се одржи ревијален турнир во мал фудбал меѓу локалната и централната власт.

Во екипата на локалната власт се пријавени градоначалниците на повеќето скопски општини, додека во екипата на централната власт ќе се натпреваруваат министри, советници и други високи функционери.

Турнирот, всушност, се игра на крајот од традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиумите, кој годинава се одржува по 26-ти пат (од четврток до недела) во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.

Целта на манифестацијата, покрај забавата, е и дружење и промовирање на спортот.

Пред фудбалот на градоначалниците против министрите, во 15:00 часот му претходи уште еден атрактивен натпревар меѓу познати пејачки и новинарки. Истиот ден фудбал ќе играат и спортски легенди, полицајци, училишта, факултети и фудбалските школи.

Влезот за публиката е бесплатен. 

притисни ентер