Окон му ја ,,изработи” победата на Хамилтон – го закачи Ферстапен

Возачот на Мерцедес , Луис Хамилтон нанижа уште една победа во Формула 1, денеска во Бразил .

Бритаецот до пред крај на трката се сметаше дека ќе го освои второто место , но Естебан Окон го запре Макс Ферстапен , кој беше најсериозен кандидат за шампион.

Холанѓанецот возеше одлично и во 40 круг го претекна Хамилтон , кој беше пред победа. Но , во моментот кога Ферстапен требаше рутински да го претрка Естебан Окон , следуваше инцидент.

Окон иницираше контакт и тоа беше доволно болидот на Ферстапен да излета од патеката.

Хамилтон тоа го искористи и до крајот на трката остана на челната позиција. Трет пристигна Кими Раиконен, а четврт Даниел Рикардо.

Фудбалер со откачени видеа бара подобри оценки од ФИФА19 (ВИДЕО)

39- годишниот фудбалер Кевин Елисон од англискиот четвртолигаш Моркомб бара подобри оценки од ФИФА 19.

Додека некои фудбалери тоа го прават преку социјалните мрежи , Елисон и неговиот клуб решиле преку видео да докажат дека се побрзџи отколку во оваа популарна видео игра.

Нивниот обид дда си ги подобрат оценките не е ништо ново. И многу познати фудбалски ѕвезди се жалат дека во играта на EA Sports се прикажани како слаби играчи.

Видеото на Елисон , во секој случај стана мега популарно и за помалку од еден месец е прегледано повеќе милиони пати.

Дембеле плаќа најголема казна во историјата на Барселона

Усмејн Дембеле за Барселона оваа сезона посртогна 9 голови со 5 асистенции во 20 натпревари и игра многу добро, но Французот надвор од теренот е недисциплиниран.

21 годишниот француски играч во последно време честопати доцни на тренинзите , што е голем проблем за каталонскиот тим. Очигледно не ги сфатил сериозно серијата опоменувања , па задоцни и на вчерашниот тренинг , закажан за 11 часот. Од клубот велат дека причината е што младиот фудбалер е заразен со видео игри .

Но , тоа не беше оправдување за клубот , кој му ја определи највосоката досега казна во историјата – 200 000 евра.

Иако не ги одработува сите обврски за тимот , 115 милиони платениот фудбалер , нема проблем на теренот. Напротив. На поселдните шет натпревари постигна 2 гола и три асистенции , а на натпреварите против Вилјареал и Тотенхем беше прогласен за најдобар играч.   

Реакцијата на слепиот навивач на Ливерпул по голот на Салах стана хит (ВИДЕО)

Со тешки маки Ливерпул се избори за осмина финале на Лигата на шампионите со победа над Наполи од 1:0 .

Италијаните ги скрши Мохамед Салах , а победата во 91 минута им ја донесе голманот Алисон Бекер , кој одбрани сигурен гол на Наполи.

Но , без оглед на играта на двата извонредни тима , натпреварот падна во сенка на социјалните мрежи по објавата на видеото со слепиот навивач на Ливерпул.

На снимката се гледа како навивачот реагира на навивањето на ,,Редсите” и ужива во натпреварот и победата на неговиот тим.

И самиот Салах уживал во атмосферата на натпреварот  во Анфилд и се огласи со објава на Инстаграм. "Wow, Anfield!" , напиша фудбалерот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Anfield, wow 😍

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah) on

притисни ентер