Тешки казни за фудбалерите кои се тепаа на истанбулското дерби (ВИДЕО)

Кон крајот на натпреварот на истанбулското дерби меѓу екипите на Фенербахче и Галатасарај изби тепачка меѓу фудбалертите , по што денеска им се изречени тешки казни.

Дерби натпреварот заврши со изедначен резултат со по 2 постигнати гола од двете екипи. Но , пред самиот крај триесетина играчи и членовите на штабовите на двата клуба се истепаа меѓу себе на среде теренот. Судијата додели три црвени картони , но тоа не беше главната казна.

Фудбалската ферерација на Турција го казни тренерот на Галата , Фатих Терин со суспензија од седум натпревари . Тој не смее да го води тимот поради навреди кон судиите на прес конференцијата по завршувањето на натопреварот. Неговиот помошник Хасан Шаш е казнет со осум натпревари .

Фудбалерот Жаилсон нема да игра осум натпревари , а Солдадо ќе одмара на шест наптревари. Ндиаје нема да игра на пет натпревари , Рајан Донк на пет , а Мендес Родригес на три натпревари.

Игуаин го прослави голот на градите на навивачка (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин бурно го прослави голот против Барнли.

Аргентинецот бурно го прослави голот со кој Челзи го изедначи резултатот на 2:2. По постигнатито гол , кој му е четврти во синиот дрес оваа сезона, Игуаин се фрли кон публиката.

Во тој момент одбра една од навивачките и буквално и се фрли на градите. Ова видео денеска беше вистински хит на социјалните мрежи , каде се води расправа дали девојката го повлекла Аргентинецот на градите или тој самиот ја избрал и и се нафрлил.

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

притисни ентер