Македонија за две места го подобри пласманот на ФИФА

 Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ФИФА ранг-листата објавена денеска. „Црвено-жолтите“ со 1.344 бода се наоѓаат на 68. место.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 178-ми, а Гибралтар се наоѓа на 198. место.

На врвот се наоѓаат Белгија и Франција, а по нив во ТОП 10 се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 25 октомври.

Барселона подготви 110 милиони евра за замената на Ракитиќ

Барселона се простува од Иван Ракитиќ и подготвува скап трансфер за неговата замена.

Каталонскиот клуб го бара Саул Нигез од Атлетико Мадрид , за кого се подготвени да дадат 110 милиони евра , што би го направило најскап играч во шпанското првенство. Барселона го бара Саул уште од 2017, кога за него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед.

Но тогаш фудбалерот реши да замине во Атлетико, иако и двата клуба беа подготвени да платат 60 милиони евра.

Но , Саул има договор со Атлетико на девет години , до 2026 , со што откупната клаузула изнесува 150 милиони евра. Тогаш таа сума изнесувала недостапна , но сега Барселона нуди 110 милиони ,  која Атлетико сигурни ќе ја одбие , пишуваат шпанските медиуми.

Гест за почит на Дирк Новицки (ВИДЕО)

Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки пред натпреварот со Денвер , и исполни желба на своја обожувателка.

Пред почетокот на натпреварот со Далас Нагетс , Новицки и го честита 92. роденден на една жена во количка , која е голем фан на Маверикси .

Бабата на подарок го доби и дресот на Дирк , а Германецот направи навистина убав потег.

Како некогаш Џордан и Пипен – танц на паркетот на Џорџ и Вестбрук (ВИДЕО)

Натпреварот на вечерта во НБА се одржа во Оклахома со речиси 300 постигнати поени, два продолжетока и нестварен лет на Пол Џорџ преку Руди Гоберт во последната секунда за победа.

Сето ова се случуваше на натпреварот на Оклахома Тандер со Јута Џез , што зџаврши со победа на домашните од 148:147 поени.

До победата Оклахома ја доведе тандемот Пол Џорџ и Расел Вестбрук , од кои првиот постиогна 45 , а вториот 43 поени .

Со ваквиот учинок , двојката стана втора во последните 25 што во натопревар на НБА постигнува над 40 поени.  

притисни ентер