Сефер Тахири и Ристо Никовски во „Само Вистина“

Поканата за пристапните преговори со НАТО е добра вест за иднината на граѓаните и Македонија. 

Членството во НАТО ја зголемува безбедноста и носи други придобивки за понатамошниот развој на земјата. И за нас во овој случај, важи истата процедура која беше и за Албанија и Хрватска, но со дополнителниот услов овој пат да се финализира договорот со Грција, рече Тахири.

Нема суштинска разлика во однос на 2008, наместо иднина ќе има небиднина за Македонија, истакна Никовски.Секој одговорен македонец треба да направи се овој договор со Грција кој е капитулатски да не успее, тоа треба да го направи и опозицијата, дали преку бојкот на референдумот или на друг начин, оцени Никовски. Ако ВМРО ДПМНЕ е искрена против договорот треба да учествува на референдумот,изјави Тахири.

Повеќе детали од дебатата погледнете во најновото издание на „Само Вистина“

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Поранешната израелска шефица на дипломатијата со солзи се прости од политиката (ВИДЕО)

,,Мирот стана нечист збор, а демократијата е во опасност” , рече низ солзи израелскиот политички ветеран , поранешната шефица на дипломатијата, Ципи Ливни .

Поранешниот преговарач со Палестина , позната по своите умерени ставови, стана позната откако учествуваше во преговорите под покровителство на САД , но во 2014 тие пропаднаа.

,,Ја напуштам политиката , но нема да дозволам Израел да ја напушти надежта за мир.” , рече низ солзи Ливни на прес конференцијата во Тел Авив.

Таа го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со истрагата на државните агенции против него и неговите напади врз медиумите.

Според анкетите , на изборите на 4 април , партијата на Ливни , хатнуа , нема да освои ниту едно место во Парламентот.

притисни ентер