Заев му го предаде договорот на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името.

По средбата Мицкоски изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она што го кажал на последните две прес-конференции.

Повтори дека овој договор за него и за ВМРО-ДПМНЕ е капитуалација на Република Македонија. 

- Тој договор сега ни е предаден нас, на ВМРО-ДПМНЕ. Од претседателот на Владата добив информација дека во текот на утрешниот ден договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран, така што најверојатно веќе од утрешниот ден јавноста ќе  ги знае деталите и спецификите содржани во него. Ние доправа ќе го разгледуваме договорот така што ќе коментираме во деновите што следуваат, рече Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека договорот што веќе му е предаден денеска ќе биде анализиран во сите партиски комисии и органи оти во деновите што следат ќе повикаат консултации со МПЦ, Исламската верска заедница, МАНУ и со други општествени групи во Република Македонија. 

- Некој не доведе во една ваква незавидна ситуација. Си го приватизираше и монополизираше  целокупнииот овој процес. Сега не стави пред свршен чин да коментираме капитулација, но ние на денешната прес-конференција рековме дека ќе ги искористиме сите демократски и законски средства коишто ни стојат на располагање за да му пркосиме на истиот, рече Мицкоски. 

Лидерот на опозицициската ВМРО-ДПНЕ денеска имал средба и со претседателот Иванов на која ги повторил ставовите и позициите на неговата партија.

- Претседателот ме информираше дека во текот на денешниот ден ќе има обраќање до јавноста, рече Мицкоски не посочувајќи детали од разговорот со шефот на државата. 

Во врска  со тоа дали постои можност за промена на неговиот став за договорот меѓу Заев и Ципрас за спорот со името, Мицкоски рече дека врз основа на деталите што ги дознават деновиве и неговиот личен став и ставот на партијата стануваат уште поцврсти.

Протести пред Собранието против договорот со Грција

Голем протестен собир против договорот Грција, се одржува вечерва пред собранието, во организација на иницијативата „Млади за Македонија“.

 За атмосферата и пораките погледнете го јавувањето на Тамара Стојкова од пред Собрание.

Ципрас и Рама в четврток во Брисел треба да потпишат меѓудржавен договор

По завршувањето на преговорите со Македонија, Грција во дипломатска офанзива да ги затвори отворените прашања и со Албанија. 

По завршувањето на преговорите со Македонија, Грција во дипломатска офанзива да ги затвори отворените прашања и со Албанија. Официјална Тирана и Атина го финализирале текстот на спогодбата  помеѓу Албанија и Грција за надминување на билатералните проблеми.. Текстот на спогодбата бил усоласен меѓу министрите за надворешни работи на Албанија и Грција - Козијас и Бушати на островот Родос на маргините на одржувањето на конференцијата за регионална безбедност и стабилнсот. Потпишувањето на овој документ од страна на премиерите на Албанија и Грција Алексис Ципрас и Еди Рама е најавено за време на одржувањето на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни.. Во текстот на спогодбата како што пренесуваат грчките дел од грчките медиуми се регулира прашањето на морската граница меѓу двете држави, опфатено е и укинувањето на законот за воена состојба, правата на грчкото малцинство во Албанија но според дел од албанските медиуми нема ништо за протераните Албанци од северниот дел на Грција за кои грчките претставници секогаш изјавуваат дека тоа прашање за нив не постои. Премиерот на Албанија Еди Рама преговите ги оцени како тешки со нагласени тензии, но неговата влада сакала да ги надмине прашања што создавале тензии меѓу двете земји по соборувањето на комунистичкиот режим во Албанија.

„Инвестиравме за да се создадат стратешки долгорочни односи со Грција. Тоа не беше толку лесно бидејќи во текот на преговорите имаше големи тензии, но не поради тоа што сакавме да ги расипеме односите со Грција, туку да ги поправиме сите односи што беа создадени по промената на системот за на крајот сè да излезе на добар пат“, Еди Рама.

Според детали кои ги објавуваат грчките медиуми Албанија на Грција ќе и одстапи 12 милји од своите територијални води на Јонско Море на чие дно се проценува дека има големи резерви на нафта и гас а Грција пак ќе го поништи законот за војна со Албанија донесен пред околу седумдесетина години.

Поранешниот албански премиер Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници. Во интервју за тиранската телевизија „Клан“, Бериша изјавил дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.

Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт . Договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година. Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара- Бериша.

Доколку договорот биде ратификуван во парламентот ќе биде потребен и потпис од Албанскиот претседател Илир Мета кој пак побара подетални информации околу разговорите додавајќи дека кон договорот ќе делува спроед неговите уставни надлежности

Американската „Dura Automotive Systems“ ќе отвори фабрика во Македонија

Американската компанија од автомобилска индустрија „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе отвора фабрика во Бунарџик, соопштија од Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони.

Владата потпиша договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ зоната.

Фабриката ќе се простира на површина од околу 16 илјади метри квадратни. Според најавите следното лето се очекува да започне со работа.

Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.

Се очекува да вработи околу 500 луѓе.

Компанијата е глобален снабдувач на оргинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот.

Ова ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та во Европа.

Освен оваа за која вчера бил потпишан договорот - Владата неодамна се пофали дека е во разговори со 200 компании, од кои 30тина во завршна фаза на разговор.

Инаку во првиот квартал годинава влезени се 235 милиони евра директни странски инвестиици, што претставуваа најуспешен квартал од било кое тромесечие од последниве 10 години.

притисни ентер