Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот (ВИДЕО)

Првиот рекет во светот , Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист минатата година , на свеченоста во Монте Карло.

Ѓоковиќ пред малку ја доби наградата Лауреус , која важи за спортски Оскар. Ова му е четврта ваква награда во кариерата , доделена за најдобри спортски резултати во 2018.

Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ , Ле Брон Џејмс , Луис Хамилтон , Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

Италијански фудбалски натпревар заврши со ракометен резултат 20:0 (ВИДЕО)

Поразената екипа е исфрлена од италијанската лига , поради примените неверојатни 20 гола.

Екипата на Про Пјаченца изгуби со 20 : 0 од екипата на Куне во Серијата Ц на италијанското првенство. Откако вчера загуби катастрофално , денеска тимот е исфрлен од натаможните натпревари во шампионататот.

Не само поради резултатот , туку и поради долгови кон играчите и лошата финансиска состојба во клубот од почетокот на сезоната.

Екипата на Про Пијаченца го одигра натпреварот само со 8 играчи , колку да се запази протоколот и тоа момчиња на возраст од 16 до 19 години , додека на клупата немаа ниту тренер.

Ѓоковиќ или Модриќ – Кој ќе го освои спортскиот Оскар ?

Најсериозни кандидати за најголемата спортска награда Лауреус годинава се фудбалерот Лука Модриќ и тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Наградата ќе биде доделена на свеченост во Монте Карло , а меѓу номинираните се најдобриот фудбалер на светот , Лука Модриќ и најдобрито тенисер на светот Новак Ѓоковиќ .

Освен овие двајца шампиони од регионот , за престижната награда за успеси во текот на минатата година ќе се натпреварува и НБА кошаркарот Ле Брон Џејмс , британскиот возач на Формула , Луис Хамилтон , како и фудбалерот Килиан Мбапе и кенискиот маратонец Елуид Кипчоге.

Маратонецот ја доби наградата за достигнување на годината, додека на Енриета Фаркашов и припадна наградата за спортист на светот со инвалидитет.

Тенисерката Наоми Осака е прогласена за откритие на годината.

Скијачката Линдзи Вон е наградена за спортски дух , а за најдобра екипа е прогласена фудбалската репрезентација на Франција.

притисни ентер