Мурињо за Де Бур: Ги читам изјавите на најлошиот тренер во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го нарече Франк де Бур најлош тренер во историјата на Премиер лигата.
Причината за оваа остра реакција на португаскиот стручњак се критиките упатени кон него поради односот кон фудбалерот Маркус Рашфорд.

Тој оваа сезона не е меѓу стандардите играчи на Јунајтед, но минатата сабота се врати во првиот тим и ги постигна двата гола за победата против Ливерпул од 2:1. 

Де Бур по натпреварот го критикуваше Мурињо зошто почесто не го остава во игра Рашфорд.

- Штета што му е тренер Мурињо. Рашфорд е англиски фудбалер и потребно му е време, прави грешки, но Мурињо не го сака тоа, сака резултати. Доколку тој има еден или два лоши натпревара, Мурињо ќе го извади од составот. Рашфорд е многу млад и му требаат натпревари, треба да игра секоја недела, изјави Де Бур.

На ова жестоко одговори Мирињо потсмевајќи му се холандскиот стручњак, кој беше тренер на Кристал Палас во почетокот од оваа сезона, но доби отказ откако ги загуби првите четири натпревари, а неговиот тим не даде ниту еден гол.

- Прочитав нешто, некои изјави од најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата, Франк де Бур, кој вели дека за Рашфорд не е добро да има тренер како мене бидејќи најважната работа за мене било да победувам. Доколку Франк го тренираше Рашфорд ќе научеше да биде поразуван, бидејќи тој го  губи секој натпревар, нагласи Мурињо.

Рашфорд би можел да се најде во првиот тим на Јунајтед на реванш натпреварот против Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите./МИА 

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер